Европскиот буџет сардисан од три страни

Европските лидери не успеаја да договорат план за долгорочниот буџет на ЕУ поради судирот на „штедливите“, „буџетарите“ и „русофобите“. Сето ова е политички театар бидејќи ЕУнусите одбиваат да го видат големиот слон во собата: огромните финансиски трошоци за Украина и за вооружувањето ги пренасочуваат клучните ресурси од реалните потреби за граѓаните.

Самитот на Европскиот совет во Брисел не обезбеди договор ниту за следниот долгорочен буџет на ЕУ ниту за пакетот помош од 45 милијарди евра за Украина во 2027 година, кој беше блокиран од Унгарија, Чешка и Словачка. Поради длабоки несогласувања, големите одлуки беа одложени за во декември.

Вистинскиот конфликт е борба на три страни околу тоа кој ќе го носи товарот на длабоките намалувања на буџетот.

„Штедливите“ бараат целокупно штедење: „колачот“ е помал и секоја главна категорија на трошење мора соодветно да се намали.

„Пријателите на кохезијата“ (земјите од Јужна и некои источноевропски земји) во голема мера се потпираат на фондовите на ЕУ за земјоделство и регионален развој, поради што се спротивставуваат на намалувањето на буџетот што најмногу би влијаело врз нив.

Русофобите од Источна и Северна Европа бараат повеќе пари за „одбрана на источниот дел на Европа“.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, се обиде да посредува во компромис предлагајќи намалување од 204 милијарди евра на почетната побарувачка на Европската комисија од 2.000 милијарди евра. Германија, Холандија, Австрија и неколку нордиски земји, го отфрлија ова како недоволно, барајќи вкупни намалувања поблизу до 250 милијарди евра. Фрустрирани од пристапот на Кошта, штедливите земји отворено ги бојкотираа неговите вечерни сесии во рамките на седниците.

Сето ова е политички театар бидејќи ЕУнусите одбиваат да го видат големиот слон во собата: огромните финансиски трошоци за Украина и вооружувањето ги пренасочуваат клучните ресурси од домашните европски потреби.

Европските граѓани знаат дека ова е централното прашање, но европскиот естаблишмент е решен да го следи самоубиствениот пат на конфронтација со Русија. Доминантната нарација меѓу раководството на ЕУ и НАТО е дека Русија претставува директна, егзистенцијална закана за европската безбедност. За да се спротивстават на аргументот дека трошењето за одбрана ги исцрпува домашните ресурси, европските институции активно го ребрендираа вооружувањето како „двигател на домашниот економски раст“.

Сите институции на ЕУ (Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент), заедно со владите на најголемите економии на блокот, се посветени на трансатлантскиот сојуз и поддршката на Украина. Во токсичен меур, постојано надуен од медиумски екосистем финансиран и контролиран од корисниците на војната, се стигматизира прашањето за обемот на помошта за Украина и милитаризацијата на Европа. Критичарите се етикетираат како „наивни“, „изолационисти“ или како симпатизери кон Москва.

Оваа стигма го прави политички ризично за мејнстрим политичарите отворено да се залагаат за намалување на финансирањето на Украина за да се поттикнат домашните програми.
Популистичките, националистичките и некои левичарски партии низ

Западна Европа сè повеќе водат кампања за „заморот од Украина“, тврдејќи дека инфлацијата, трошоците за енергија и распаѓањето на домашната инфраструктура треба да имаат апсолутен приоритет. Сепак, бидејќи овие партии или се во малцинство или се исклучени од владините коалиции или се активно блокирани од институционалните механизми на ЕУ, нивните аргументи не можат да ја променат сеопфатната политичка насока.

Лаура Руџери

27 ноември 2026 - 12:39