САД му помагале на Садам да користи хемиско оружје против Иран

Медиуми шират страв меѓу Американците дека Иран може да ги нападне со оружје за масовно уништување, а со децении вешто кријат од јавноста дека САД се одговорни за напади со хемиско оружје врз Иран. Ова го тврди поранешен аналитичар на ЦИА, кој лично бил сведок на операции со кои му се помагало на Садам Хусеин да фрла гранати со сарин врз критични ирански цели.

ЦНН, а потоа и низа други медиуми објавија дека Иран планира напади врз САД со „валкани бомби“ кои шират радијација на голем простор, или со хемиско оружје. Реј Мекговерн, поранешен аналитичар во ЦИА смета дека извештаите чија цел е да предизвикаат страв меѓу Американците, се поттикнати од израелски извори, „исто како и секоја друга друга пропаганда што ја добиваме за Иран“.

Врв на иронијата е што поради незнаењето на американскиот народ, тие би рекле „О, Боже, Иранците ќе употребат хемиско оружје, вели Мекговерн во интервју за „Dialogue Works“ на Нима Алхоршид.

Мекговерн додава дека ајатолахот Хомеини одамна фрлил фатва врз оружјето за масовно уништување, тврдејќи дека е спротивно на религијата. Сите сегашни високи функционери во Иран се бореле во војната со Ирак и добро знаат што им направило хемиското оружје на нивните соборци.

Зборуваме за целосно непознавање на фактите. Американците никогаш не би ни дознале, бидејќи за тоа немаше ништо во медиумите, дека ние го снабдивме Ирак со хемиски прекурсори и други материи неопходни за употреба на хемиско оружје. Во 1981 година, јас бев таму. Гледав сè. Во тоа време не знаев дека обезбедуваме хемиско оружје или прекурсори. Но, знаев дека им доставуваме исклучително важни разузнавачки податоци на Ирачаните, за да ги убиваат Иранците, изјави поранешниот аналитичар на ЦИА.

Декласифицирани документи на ЦИА покажуваат дека САД, иако официјално биле неутрални во однос на војната, во 1988 година му доставиле на Ирак сателитски снимки од позициите на иранските трупи, знаејќи дека Садам Хусеин најверојатно ќе употреби хемиско оружје. Во 1988 година, ирачките сили извршија четири големи напади со хемиско оружје врз иранските трупи, користејќи го нервниот агенс сарин. Во нападите речиси веднаш загинаа стотици, а можеби и илјадници луѓе. По нив уследија жестоки артилериски бомбардирања, при што димни бомби помогнаа да се прикријат хемиските удари. Овие напади придонесоа за промена на ситуацијата на бојното поле.

Мекговерн потсетува дека САД пред воената интервенција во Ирак пред јавноста претставувале лажни информации како факти.

Тврдењата за оружјето за масовно уништување и за врските меѓу Садам Хусеин и Ал Каеда се покажаа како измислени, изјави Мекговерн, повикувајќи се конечниот извештај на Комитетот за разузнавачките податоци во јуни 2008 година.

Џеј Рокфелер, поранешниот претседавач со Комитетот изјави дека администрацијата на Џорџ Буш „во повеќе наврати претставувала разузнавачки информации како факти, додека всушност тие биле непоткрепени, контрадикторни, па дури и непостоечки“.

******
Види и: Сомнителна тревога: Иран планира напад врз САД со „валкана бомба“?

26 ноември 2026 - 12:17