Еј, старости, старости, јапонско оружје*

Секоја година на сè поголем број Јапонци роденденските свеќи им чинат повеќе од роденденската торта. Дури и економија како што е јапонската, тешко го опслужува овој демографски тренд. 

46-та година по ред Јапонија го руши сопствениот рекорд на број на стогодишници. Со нов контингент од 32.000 лица кои годинава наполниле еден век, во Јапонија вкупно ги има 65.000. САД во апсолутна бројка им бегаат за едно 10.000, ама. со две третини поголемо население.

Со други зборови, не постои земја во светот со поголем број стари лица во однос на вкупната популација. Моментално 25% се постари од 65 години, ако трендот продолжи, во 2060 година ќе ги има 40%.

А ќе продолжи бидејќи овие што треба да ги заменат не се расплодуваат со потребното темпо. На Jaпонија ѝ e потребен прираст од 2,1 раѓање по жена, сега има 1,4.

А тоа е земја во која се ценат долговечните. Дотаму што имаат и национален празник на стари луѓе (16 септември). На тој ден, на секој што наполнил стотка државата му дааше сребрен сервис за саке. Пред две години тој гест ја чинеше 2,1 милион долари.

Годинава за првпат го замениле сребрениот есцајг со поевтина варијанта, посребрен комплет.

Шконтари.

А можеби се надеваат дека старкиве нема да приметат.

* насловот е изведен од реплика од драмата за најпознатите животни маратонци на овие простори.

17 септември 2016 - 20:07