Анализа на животниот век на Европејците од високиот слој покажува кога и зошто нивните животни векови почнале да се продолжуваат. Причините за ова се во втор план, но може да си играме со претпоставки.
Царските архиви во Токио содржат различни медицински совети за долговечност. Меѓу нив и такви кои имаат врска со суптилната уметност на спалната соба. Запомнете го бројот десет.
Нова книга на Стивен Џонсон, која е истовремено и документарна серија на Пи-би-ес, ја истражува науката и медицинските иновации кои имаат победено некои од најсмртоносните болести, и го имаат удвоено траењето на човечкиот живот.
Студијата која ја покажува врската помеѓу читањето книги и продолжениот животен век по интернет критериуми може да изгледа „стара“ - од 2016. Ама што е тоа во однос на долговечноста која ни ја предвидува?
Упорноста и тврдоглавоста можеби е една од клучните особини за долг живот, покажала студија на психолошките карактери на група стари Италијанци. Таквите луѓе малку се секираат што другите мислат за нив.
На глобалниот индекс на здравјето, од 166 земји Македонците го држат 44 место. Не е тоа сјајна позиција но е подобра од рангирањето на повеќето македонски репрезентации.
Иако со децении расте долговечноста на човекот, проценките велат дека плафонот на нашиот рок на траење е некаде на 115 години. За после тоа ќе ни треба некое ново (научно) чаре.
Секоја година на сè поголем број Јапонци роденденските свеќи им чинат повеќе од роденденската торта. Дури и економија како што е јапонската, тешко го опслужува овој демографски тренд.
Не малку туку бааги подолго. Поточно да додадете околу 15 екстра години на својата животна сметка. Тајната не е поврзана ни со гените, ни со исхраната ни со вежбањето а е нешто кое нема да го најдете онлајн.
Животот знае да им се насмее во лице на бројните формули за долговечност кои секојдневно ни се нудат поткрепени со наука или некое квази знаење. Во Вирџинија 106-ти роденден прославила баба која мрази зеленчук и секој ден пие Пепси.