Долговечната баба која мрази зеленчук

Животот знае да им се насмее во лице на бројните формули за долговечност кои секојдневно ни се нудат поткрепени со наука или некое квази знаење. Во Вирџинија 106-ти роденден прославила баба која мрази зеленчук и секој ден пие Пепси.

Керолин Калер е родена 6 години по Илинденското востание. На тие нејзини денешни години фасцинантно е вооопшто некако да изгледаш а камоли да изгледаш добро, а таа изгледа прилично кул за 106-те години колку што деновиве ги наполнила.

Активна е и нема знаци дека староста ја носи во фејд аут. Имала 6 деца, цел живот сакала да шие, да пишува и  - да свири.

Во живот никогаш не пробала јајце, а генерално мрази зеленчук и кромид. Но затоа, до кревет секогаш чува колачиња со путер од кикирики и не минува ден без да се напие Пепси.

Енд нау вот?

 

 

 

14 февруари 2015 - 19:59