Таг: пепси

Пепси се тужи со земјоделци за компири

Мултинационалната корпорација со целата своја сила се истури на група индиски земјоделци затоа што сами без дозвола саделе компир кој исклучиво е наменет за еден од чипсовите што ги произведува компанијата.

Битката Кока-кола вс. Пепси низ децении реклами

Ако некогаш си се сомневал во моќта на рекламата, само следи како џингл на Кока-кола успева да му го привлече вниманието на 5-годишно дете стандардно незаинтересирано за што било околу себе. Не дека Пепси е нешто послаб.

Како гневот стана маркетинг алатка

Благодарение на вратоломната брзина на социјалните медиуми и новинарска клима што фаворизира инстант-објави пред проверени анализи, процесот на провокација, реакција од јавноста и контрареакција сега завршува во рекордно време. Отприлика исто онолку колку што траат маркетинг-кампањите.

Џабе ви е цело Пепси

Наспроти реалноста од светот на ТВ рекламите, лименка Пепси не успеа да ги смири првомајските протести во Портланд. Ниту пак тоа им успеа на десетиците лименки што потоа беа фрлени кон полицијата.

Како Пепси толку многу згреши со рекламата со Кендал Џенер

За тие што не ја видоа: видео што ги покрива сите мулти-култи ставки од муслиманки со фереџе, црнци, ЛГБТ луѓе, до латиноси, жолти, кафеави и бели, сите тргнати во протест против репресивните власти и во моментот пред сето ова да експлодира, работата ја смирува Кендал Џенер (тазе избегана од фото-сесија) - со лименка Пепси. Глобалната реакција на видеото, обединета како ретко кога, а шаренолика како и самиот кастинг на рекламата беше - па дај молим те.

Легендарната реклама со ѕвездите на тема среден век

Кога ќе се спомне Бекам и реклама за Пепси сигурно веднаш на памет ни паѓа онаа со детето кога ја брише лименката и му го враќа подарениот дрес. Во серијата реклами Пепси сними и една врвна на тема среден век која сме ја подзаборавиле од времето.

Долговечната баба која мрази зеленчук

Животот знае да им се насмее во лице на бројните формули за долговечност кои секојдневно ни се нудат поткрепени со наука или некое квази знаење. Во Вирџинија 106-ти роденден прославила баба која мрази зеленчук и секој ден пие Пепси.

Топчиња се ближат

Илјадници стапици за глувци, уште толку пинг понг топчиња и неколку недолжни хонорарци кои треба сето ова да го наместат под конец.Честитката на Пепси за одјава на 2014-та.

Пепси ја направи најдобрата одмазда во историјата на интернетот

Минатата година Пепси Макс го снима виралното видео "Test drive" кое на ЈуТјуб беше изгледано над 40 милиони пати. Паралелно со ова се појавува и една група на скептици кои тврдат дека видеото е наместено. Еден од нив пишува за сајтот Jalopink.

Швеѓаните со воз “го прегазија“ Роналдо

Селекцијата на Шведска прими четири гола од Кристијано Роналдо и ќе го гледа Мундијалот од дома, но ПР луѓето на Пепси во оваа земја овој пат си постигнаа и автогол.

Кога си крив, крив си за сè

Кока-кола деновиве објави една нова реклама, и како за видео во кое нема оружје, ругање на некоја религија или убивање на мали фоки, направи неочекувано голема расправија.

Пепси што тера на слабеење

Ако до сега имавте дебата дали некоја диетална кола функционира или не, сега ќе имате уште една тема - кола што го блокира дебелеењето.

Вујко Дру, двојката

Далечниот март 2012-та, го имавме првиот настап на вујко Дру (а.к.а. Кајри Ирвинг, првиот пик на НБА драфтот 2011-та). Сега Дру оди да сврти уште една партија баскет, ама го зема и другар му Вес (Кевин Лав од Тимбервулфс). Плус, Бил Расел.

Да ти се припие Кока Кола

Лампард, Дрогба и Торес беа дел од една од најлошите реклами на Пепси.

Вујко Дру

Го земаш првиот пик на драфтот 2011-та и дебитант на годината во НБА, Кајри Ирвинг, го маскираш во старец што мрчи (дека на дечурланава им биле важни само патиките и слично) и им го пушташ на некои маалски додека играат баскет. А сето ова го снимаш под алиби дека правиш документарец за некој друг маалски играч (Кевин - внукот).