Во видеото, компанијата признава дека постои проблем со дебелината и дека и Кока-кола е дел од проблемот, но дека работат на случајот и дека до сега се имаат сериозно подобрено.
Луѓето од другата страна во борбата против дебелината, рекламата ја начекаа на нож. Извршниот директор на Центарот за наука од јавен интерес, Мајкл Џејкобсон, за Ројтерс изјави дека ако компанијата е сериозна околу помагањето на борбата против дебелината, тие воопшто не треба да рекламираат калорични пијалаци: "Тие се обидуваат да се престават дека се дел од решението, а всушност се дел од проблемот."
Слично на Кока-Кола, минува и пријателството на Мишел Обама со Бијонсе. Прво, Мишел Обама е нападната што додека ја тера својата национална кампања за слабеење на децата, таа е пријателка со Бијонсе која е заштитно лице на Пепси. Плус на сето ова Обама ја покани Бијонсе да пее на неговата инаугурација, во истиот период кога таа ќе го има настапот на полувремето на Супер Боул спонзориран од Пепси.
Од друга страна, оние кои ги бранат позициите на Кока-кола и Пепси, објаснуваат дека противниците започнале со прилично радикална реторика, дека бараат проблеми каде што истите не постојат и наместо да ги напаѓаат компаниите да се фокусираат на помагање на луѓето.