Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Христијаните сè почесто се цел на напади во Европа

27 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во 2025 година имало 2.465 напади од омраза кон христијани во Европа, покажува новиот извештај на Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација OIDAC. Тоа е зголемување од 11,5% во споредба со претходната година.
  • Имало 395 напади или закани на верска основа насочени кон поединци, за разлика од 274 во претходната година.
  • Во Франција се регистрирани 843 напади, во Англија и Велс 624, во Германија 337 и во Австрија 134. 
  • Во Лион во септември 2025 година пред својот дом бил избоден до смрт Ашур Сарнаја, 45-годишен асирски христијанин со попреченост, кој веќе избегал од исламистички прогон во Ирак. Властите потврдија дека нападот бил поттикнат од радикална џихадистичка идеологија.
  • Во светот христијаните се најзагрозени во Нигерија. Локалната невладина организација Intersociety документирала дека само во првите осум месеци џихадисти убиле 3.038 христијани и киднапирале 3.193.
извор

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

27 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На едно место ги собираат и средуваат линковите од стари македонски емисии, серии и телевизиски прилози кои се расфрлани по Јутјуб и социјалните мрежи. 
  • Архивата во моментов има околу 3.000 записи. Меѓу нив се прилог за Скопје со Кензо Танге од 1973 година, ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“, има цели емисии и филмови, но и кратки прилози и извадоци што сами по себе бележат некој момент од животот на градот или од домашната телевизиска продукција.
  • Снимките се подредени по деценија и година. Секоја година има своја VHS касета, а со клик на неа се отвора списокот со снимки. За оние што сакаат да разгледуваат по жанр, има одделни полици за филмови, серии, документарци и музика на ТВ.
извор

ЕУ е „светлосни години“ далеку од договор за буџетот

27 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Наместо планираните два дена разговори за седумгодишниот буџет на ЕУ, европските лидери го завршија самитот по првиот ден и го напуштија Брисел повеќе поделени отколку што беа кога пристигнаа.
  • Данска, Германија, Холандија, Австрија, Финска, Шведска и Белгија се побунија против начинот на кој претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ги води разговорите и ги бојкотираа вечерните состаноци.
  • Побогатите членки, кои во ЕУ уплаќаат повеќе отколку што добиваат од него, сакаат помал буџет. Кошта предложи кратења од 204 милијарди евра во проектираниот буџет од околу 2.000 милијарди евра. Германија бара уште поголемо кратење од 250 милијарди.
  • Посиромашните земји се залагаат за поголем буџет, во кој би се задржале значителни средства за развој на помалку богатите региони.
  • „Светлосни години сме далеку од решение за буџетот“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
  • Лидерите повторно ќе се состанат на 17 декември, кога ќе имаат последна шанса да постигнат договор пред крајот на годината.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Што е убаво кога ќе дојдат стручните

Балканштина
2

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

3

Галеријата НАД Собранието

Мислења
4

Старо Скопје

Македонштина
5

Резултати од последниот систематски преглед

Балканштина
6

Како ви звучи „Македонија на Македонците?“

Разно
7

Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната кон Медитеранот

8

Да му веруваш на дедо

Македонски рулет
1

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

2

Галеријата НАД Собранието

Мислења
3

Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната кон Медитеранот

4

Доктори се плашат да ѝ противречат на ВИ

Здравје
5

Американски милијардер го купува странскиот имот на „Лукоил“

6

SpaceX доби дозвола да го покрие небото со 1 милион сателити

7

САД му помагале на Садам да користи хемиско оружје против Иран

Свет
8

Нордијците спречуваат конфликт со Русија на Балтикот

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Балканштина

Филип и Јулија, братче и сестриче

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Да потсетиме дека преживеавме и вакви насловни

Џабе паника, убаво си кажа човекот

Неважечка Србија

Грчките нео-нацисти се бетер од што ги мислите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy