Поразот на фудбалерите на Шведска и пред своја публика кој се случи благодарение на вчерашниот хет трик на Роналдо, по се изгледа дека многу ги заболе, па тие денеска почнаа да го возвраќаат ударот на невкус начин.
Компанијата Пепси во Шведска направи валкана кампања против најдобриот португалски фудбалер кој го претставија во форма на кукла која ќе биде усмртена.
Но идејата очигледно сфатија дека не им е на место, па стигна и експресно извинување.
„Не сакаме никогаш да го ставиме спотот во вид на натпревар со негативна конотација. Жалиме доколку било кој се навредил од сликите кои веднаш ќе бидат отсранети. Сакаме да се извиниме на сите инволвирани", стои во соопштението на Пепси.
За само 24 часа ударот го возвратија и Португалците кои направија фб страна со 25.000 фанови кои му се посветија на фотошопот.