Пепси се тужи со земјоделци за компири

Мултинационалната корпорација со целата своја сила се истури на група индиски земјоделци затоа што сами без дозвола саделе компир кој исклучиво е наменет за еден од чипсовите што ги произведува компанијата.

Пепси се чувствува повреден од ваквото самоволие од земјоделците во износ од 140 илјади долари од човек. Од компанијата инсистираат дека семето е нивно и е развиено за нивни потреби. Инаку, обвинетите злотвори се мали индивидуални земјоделци во сојузната држава Гуџарат.

На земјоделците не им е јасно што толку се вознемирил Пепси, бидејќи оваа сорта на компир ја одгледуваат долго време, а расадот секогаш го префрлаат од претходната година.

Освен локалците, на страна на земјоделците застанаа и земјоделски активисти, според кои тужбите за интелектуалната сопственост врз компирот поднесени од Пепси претставуваат нелегално малтретирање. Тие го обвинуваат Пепси дека кај земјоделците испратил приватни детективи кои се претставуваат како потенцијални купувачи и тајно снимале видеа и го пробувале компирот.

Индиските земјоделски закони го заштитуваат правото на земјоделецот да расте и одгледува заштитени сорти, се додека не го продаваат семето како краен производ.

30 април 2019 - 10:06