Ни срам, ни перде

Просветно дело, какви се тоа цареви!

Ќе нè тужеле пошто сме го нарушиле нивното авторско право на тврдењето дека триаголникот е - квадрат. Дајте од тоа дрогите! 

Павле, да си раскажеме накратко бидејќи не ни се верува. Се викате ПРОСВЕТНО дело. Работа ви е да пeчатите учебници. Во еден таков ваш производ за англиски јазик сте напишале дека триаголникот се вика square.

Ние тоа го објавуваме пошто ни е битно што учат децата.

И сега, наместо да се покриете преку уши со некоја книга (англиски: dog), вие ќе нè тужите затоа што НЕОВЛАСТЕНО сме го покажале вашето коперниканско откритие дека триаголник на англиски се вика square????

Така ли?

М-р Павле, м-р Павле. Да имавме нешто поочувани нерви, ќе се ребрачевме (англиски: gangbang) со вас до бескрај и душата со памукче ќе ви ја вадев поради ваквиот неопеан безобразлук.

Ама, Павле, ај да се видиме на суд.

Трендо

25 април 2017 - 13:29