Со огромна доза разбирлива иронија, магазинот Слејт реши да се позанимава со веројатно единствениот аспект на вечно исплазениот јазик на Мајли Сајрус кој досега не добил соодветен медиумски третман. Тој беше предмет на шоубиз емисии, насловни страници, хаштази, кавги на социјалните мрежи, преписки и замислени преписки и остана само уште да се опфати медицинскиот агол на "темата".
Одговор на прашањето зошто јазикот на Мајли е толку бел луѓето од магазинот побарале од познатата Мејо клиника. Бојата на јазикот, неговата обвивка и евентуалните пукнатини се сериозен индикатор на здравствената состојба на еден човек.
Белината најчесто е знак за воспаление на јазичните папили (мали, локализирани центри за вкус и арома на внатрешниот мускул во стомата т.е. јазикот; накратко - јазикот) и може да биде резултат на нечистотија, бактерија или габично заболување.
Најчесто ваквите воспаленија се безопасни и краткотрајни. Во поголем дел случаи се предизвикани од дехидратација, алкохол, цигари.... а поретко знаат да бидат и индикатор на посериозни автоимуни пореметувања или сифилис.
Новинарите не успеале да го најдат личниот забар на Мајли но консултирале друг со помош на илјадниците расположиви фотки на интернет. Тој рекол дека на повеќето слики јазикот изгледа сосема нормално но на некои може да делува загрижувачки.
Значи, што треба да направи сега Мајли? Да отиде кај својот забар и да види што е работата. Да не се искомплицира па да дојде до потреба од биопсија.
Ете, и тој проблем го решивме.