Драга Мајли,
Како иде? Само да те поздравам бидејќи имаме доста заедничко, на пример, знаеш ли дека и јас имам песна "Wrecking Ball" исто како и ти? Аха, излезе лани. Добро, не пуштив видео со мене гол како ти што направи, ама којзнае, можеби наредниот пат?
Како и да е, јас сум тука бааги време, па мислев можеби ќе цениш некој совет за кариерата, бидејќи знам колку е тешко да се биде во центарот на вниманието. Јас бев таму своевремено како "иднината на рокенролот' а ти си таму зашто го триеше задникот од синот на Алан Тик на национална телевизија, ама иста позиција е тоа, знаеш?
Си мислам, ако имаше некој да ти каже да не го тресеш задникот или да не го држиш јазикот надвор како да си на оториноларинголог, можеби сега ќе беше во подобра позиција, што се однесува до кариерата.
Јас имав фина кариера и се друго, ама ќе беше фино некогаш да имам некој да ми каже да не правам некои работи. На пример, во снимката со Кортни Кокс, мафтам со рацете горе- доле како оние пластични роботи. Уште ме реметат со тоа. Некогаш влегувам во гардероба и цел бенд ме имитира. Аман дечки, олабавете еднаш, 30 години поминаа.
Она што можеби не го знаеш е дека имав снимено и видео спот во кое играм на истиот тој начин и уште носам трегери! Ама мојот менаџер Џон Ландау ми кажа дека е подобро да не го објавувам и драго ми е што го послушав бидејќи можеби "Born in the U.S.A." немаше да се продаде во 13 милиони копии и немаше на ќерка ми да можам да и купам коњ од милион долари.
И кога сме кај неа, таа отрилика е колку тебе и да направи било што од она што ти го правиш во видеото "Wrecking Ball", главата би ми експлодирала како во "Sinaloa Cowboys." Тоа е песна од албумот "Ghost of Tom Joad" - треба некогаш да го слушнеш. Прилично депресивен и доста бавен ама има некои добри лекции од животот, на пример дека не пљачкаш банка само за да импресионираш случајна жена која ти влегла во дуќан.
Имам една поговорка која често ја користам, "никој не е победник доколку сите не победуваат". И кога ќе ти го видам исплазениот јазик на MTV и лижењето чекан во видеото, си мислам, овде дефинитивно никој не победува. Ни ти, ни јас, ни татко ти Били Реј чија глава ќе експлодира секој момент. Башка, лижење чекан? Имаш ли идеја каде сè бил тој чекан? Најверојатно имало малтер и триста чуда на него.
--------
Веќе сум предолг па само да сумирам: јазик да виси надвор - лошо; гола на кугла - лошо; играње како пластичен робот - лошо; да се биде иднина на рокенролот - добро. Ако го сфатиш тоа искрено, може да станеш како онаа фина девојка Тејлор Свифт која ме сака и никогаш не е гола во јавност.
А спомнатиот Ландау ми кажа дека нашите адвокати ќе те контактираат за целиот случај со "Wrecking Ball".
Искрено,
Брус, виа Пит Чианка