„Можеби нема да ѝ бидеш прв маж, ни последен, ни единствен. Сакала таа и пред тебе а можеби ќе сака и после. Но, ако сега те сака, што друго е важно?
Таа не е совршена, ама не си ни ти.
И вие двајца можеби никогаш нема да бидете совршени заедно, но ако таа умее да те насмее, да те натера двапати да размислиш, да признае дека е човечко суштество и дека греши, држи се до неа и дај ѝ најмногу што можеш. Можеби нема да мисли на тебе секоја секунда од денот, но ќе ти даде дел од себе за кое знае дека можеш да го скршиш - нејзиното срце.
Затоа немој да ја повредиш, немој да ја менуваш, немој да ја анализираш и не очекувај повеќе отколку што може да ти даде. Смеј се кога те прави среќен, дај ѝ до знаење дека те излудува и нека ти недостига кога не ти е во близина“
Боб Марли.