„Животот не треба да биде пат кон гробот чија цел е безбедно да пристигнеш таму во убаво и добро сочувано тело, туку да излизгаш низ него во облак од чад, целосно потрошен, и главно викајќи "Уау, какво возење!"
„Сите сме сами, се раѓаме сами, умираме сами и - и покрај тоа што го велат љубовните романчиња - еден ден ќе ги погледнеме нашите минати животи и ќе видиме, дека и покрај друштвото кое сме го имале ние сме биле постојано сами. Не велам осамени - барем не сето време - но во суштина, и конечно, сами. Токму затоа твојата самопочит е толку важна, и не гледам како би можел да се почитуваш себеси ако мораш да ја бараш во срцата и умовите на другите својата среќа".
„Животот ми стана непроценливо подобар откако бев присилен да престанам да го земам за озбилно".
„Некои можеби никогаш не живеат, но будалите никогаш не умираат"
„Човек кој свесно ги одложува важните работи нужно ќе дојде до тоа околностите да го направат изборот наместо него"
„РАБОТ, нема чесен начин да се објасни што е тоа, затоа што единствените луѓе кои навистина знаат каде е се оние кои заминаа засекогаш"
„Не можеме да очекуваме луѓето да го почитуваат законот и редот додека не ги научиме истите да ги почитуваат оние на кои сме им довериле да ги спроведуваат".