Во просек секој Англичанец по дневно зборува за времето по 8 минути и 21 секунда. Сумирано во еден животен век, полни 4 месеци им се посветени на јадиковки за времето.
И не само тоа, Англичаните признаваат дека обожаваат да зборуваат за времето и дека тоа прави да се чувствуваат подобро.
Всушност, забелешка за времето им е омилената тема за кршење мраз во муабет, три пати попопуларна од која било друга тема, вклучувајќи ја работата, одморите или фудбалот.
Најмногу за времето го дрват оние меѓу 25 и 34 години а најмалку постарите од 65 (било топло, било ладно - ќе се умира).
Географски, лидери се жителите на Њукасл, Шефилд и Бирмингем. 8 од 10 Британци признале дека времето има расипало планови. Останатите 20 проценти го прават тоа што го наумиле без разлика какво ќе испадне времето.
Метеоролошкото кукање не ги прави Англичаните општо несреќни. Тие својот живот го оценуваат посреќен од, да речеме, Австралијанците, кои освен јаката економија и стабилните услови за живот имаат и далеку повеќе сончеви денови од европските островјани.