Таг: време

Колкав временски период може да се покрие во 250 зборови проза?

Времето во прозата полека но сигурно забрзува - ова е заклучок на научна статија во која истражувачите се обиделе да откријат кое е просечното времетраење опишано во типичен прозен пасус во литература на англиски јазик и како тоа се менувало во последниве векови.

Приказната за две времиња: кога Јапонија се сретнала со европскиот часовник

Во 16 век во Јапонија почетокот и крајот на денот секогаш се случувал на шестиот час - акемитсу (шест во зори, кога разденува) и куремутсу (шест на самрак, кога се смрачува). Ова раководење според сонцето подразбирало варијабилност на тоа „шест“ во зависност од годишното време. Иако првите механички часовници донесени од Европа им правеле впечаток како уметнички предмети, на Јапонците тие не им вршеле работа, бидејќи не ја овозможувале таа флексибилност.

Хронемика: кога вашето и туѓото време не поминува исто

„Хронемика“ е изучување на употребата на времето во невербална комуникација. Начинот на којшто го перцепираме, структурираме и реагираме на времето е моќна алатка, и за уредување на меѓусебните односи, но и за нивна манипулација. Во различни култури ова има врска со процесот на комуникација, но оној позатскриениот, кој се одвива меѓу редови. Притоа, точноста, подготвеноста да се почека, брзината на говор и опсегот на внимание при муабет се некои од релевантните индикатори.

Што значи тоа „по свахили време“?

На јазикот свахили времето се мери од изгресонце до зајдисонце (a.m.) и од зајдисонце до изгрејсонце (p.m.). Бидејќи вообичаено денот почнува во седум наутро, тоа по нивно е 1. А бидејќи сонцето заоѓа во 7 навечер, тоа за нив е повторно 1. Но ако не ја знаете оваа разлика, или ако сте бавни во пресметувањето, ќе бидете тотално збунети.

Дали и вие не знаете каде ви одат годините?

Учено се нарекува „телескопско доживување на темпоралноста“. Но без оглед на софистицираноста на употребените зборови, чувството е универзално - дека како што старееш, така не знаеш каде ти одат сите тие денови, месеци и години, кои фучат како сиви тркачки автомобили.

Постои ли посебно сетило за време?

Германски психолог од крајот на 19 век тврдел дека постојат генерални и специјални сетила. Во првите ги сместувал перцепцијата на просторот и времето, во вторите видот и слухот. Според него е наречен закон кој открива интересен аспект на нашиот внатрешен часовник.

Зошто во поголеми сали музичарите треба да свират побавно?

Двајца големи музичари доаѓаат до исти заклучоци за врската помеѓу музиката, времето и просторот. Едниот го образложува ова во форма на книга, другиот во интервју. Обајцата нè потсетуваат дека музиката, колку и да изгледа „езотерично“, е сепак врзана за материјалното.

Вести без рок на траење

Неодамнешната "вест" за смртта на еден нигеријски писател (две години откако тој почина) покажа дека времето го губи своето значење во одредувањето што е тоа вест. На социјалните медиуми, имено, сè се случува цело време.

Што значи тоа „по македонско време"?

Она што физиката се обидува да го објасни преку комплицирани формули, јазикот си го илустрира многу едноставно - во англискиот постојат варијанти на еден израз кој го опишува односот кон времето на различни етнички, расни и други групи. Може да се примени и на поединци, кои не фермаат кога некој ги чека со часови.

Часовникот што ќе го промени времето какво што го познаваме

Часовникот треба да е точен за на луѓето да им создава некаков ред во бескрајот. Новиот часовник е брутално точен, но, ако победи, ете ни хаос.

„Г-дин Никој" (2009)

„Зошто сум јас јас, а не некој друг?" е едно од прашањата кои ни ги поставува филмов. Но многу потешкото е - дали кога би го знаеле одговорот би биле задоволни од oна што сме станале?

Сингл таскинг е новиот мулти таскинг

Способноста да се работат повеќе работи истовремено, порано беше идеал и за луѓето и за нивните работодавци. Но, откако интернетот тоа го направи не само лесно туку и доминантен модел на однесување во кој човек прави триста чуда а ништо не сработува, време е да се обучуваме во обратна насока.

Енглези се прават Македонци

Не дека сакаме дополнително да го комплицираме нашиот национален идентитет, ама има нешто англиско во нас: дали било претопло или престудено, пресуво или превлажно, и Македонците и Англичаните обожаваат да кукаат за времето.

Времето не постои

Британски физичар, инаку противник на Теоријата за големата експлозија, во својата нова книга тврди дека времето (ден / час / минута) не постои како димензија. Наместо тоа имаме "сега."