Џеф Безос најде начин како да ги смири протестите од вработените. Наместо да им ја олесни работата, ги заменува со машини. Не оти и досега Амазонците многу се разликуваа од роботи. Немаа право ни на пауза за тоалет, па си носеа шишенца за мочање. Машините работат неуморно, не бараат поголема плата, не губат време по одмори и боледувања, не се организираат синдикално и не се бунат. Сè уште не.