Женските ВИ агенти би биле помалку платени од машките

На околу 200 канцелариски работници им биле дадени два истоветно способни и тренирани агенти на вепштачка интелигенција да им помагаат во извршување на различни задачи. Еден бил дизајниран како жеснко, другиот како машко. Иако на крајот биле оценети со иста оценка за способноста и помошта, кога дошќло да се платат, женската агентка останала покуса.

Луѓето имаат тенденција повеќе да им веруваат и би им платиле повеќе на агентите за вештачка интелигенција кои се претставуваат како мажи отколку на „жените“ за истата работа.

Студија на Универзитетот во Лимерик во Ирска откри дека оние агенти/ботови со женски изглед или кои се претставуваат како жени би биле платени помалку од нивните „машки“ колеги за околу десет проценти.

Студијата се изведува во време кога во Ирска речиси 79% од компаниите пријавиле дека годинава користеле агенти за вештачка интелигенција.

Таа имала за цел да открие како дизајнот на асистентот за вештачка интелигенција влијае врз довербата и како таа би се преточила во пари кои би биле дадени за помошта.

Била изведена така што на 189 канцелариски работници им биле дадени два истоветно способни и тренирани ВИ агенти, Јохан и Јохана. Потоа, од човечките учесници беше побарано да ја оценат работата на двајцата агенти им биле дадени вистински пари за да им платат за извршување на задачите, со цел да се рекреира сценарио од реалниот свет за да се види колку луѓето се подготвени да платат за тоа.

Иако биле оценети речиси истоветно и на исто ниво ја оправдале довербата кон нив, Јохана останала покуса за 10 %

7 октомври 2026 - 10:24