Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Насилни протести во Тирана за оставка на Рама

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
  • Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
  • Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.

  • Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
  • Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
  • Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
извор

Аргентина ѝ забрани на Централната банка да печати пари по волја на владата

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
  • Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
  •  Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата. 
  • „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.
извор

На жените во Авганистан им ги зедоа и имињата

28 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Талибанските власти дале нова директива жените во Авганистан да не бидат ословувани по име, туку по прекари.
  • Здравствените работници во провинцијата Балх добиле насоки да ги запишуваат жените како „биби“ (баба) кога им издаваат рецепти за лекови.
  • Лала Османи, авганистанска активистка која живее во Германија, изјави за „Ел Паис“ дека Талибанците ги ословуваат жените како „кози“ и „крави“. Во официјалните документи често пати се регистрираат според имињата на нивните мажи или татковци. 
  • Во многу делови на Авганистан, јавното спомнување на име на жена се смета за навреда за честа на нејзиниот сопруг или семејството, поради што имињата не се врежуваат ни во надгробните споменици.
  • Ова се надоврзува на новиот кривичниот законик со кој на мажите им се дозволува да ги тепаат своите жени и се озаконуваат браковите со деца.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

„Македонци претерали“

2

Тренерот на Црвена Ѕвезда збесна на прашање за Гаштаров

Фудбал
3

Остри реакции од бугарските и француските власти за крвавите сцени во Марсеј

Навивачи
4

Чесен Титов пионерски збор

Медиуми
5

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

6

Кога некој лепицанер ќе одбие репрезентација, раскажете му за Шенгелија

Кошарка
7

Оди па препиши

Видео
8

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

1

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

2

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

3

Пазарот на ВИ е балон со 97% сигурност

Бизнис
4

На жените во Авганистан им ги зедоа и имињата

5

Галеријата НАД Собранието

Мислења
6

Христијаните сè почесто се цел на напади во Европа

7

Европскиот буџет сардисан од три страни

Мислења
8

Британија повика 100.000 резервисти да се подготват за војна

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Чесен Титов пионерски збор

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Не им трубете на стари луѓе

Уште само она ни фали!

Пченицо, прочитана си

Ова допрва ќе се пее

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy