Уште само она ни фали!

Поговорките од типот: "кој последен се смее најслатко се смее", споменарските мудрости кои одлично ни виреат, од типот: "среќата е убава само ако се чека"...

...или тотално лудите дефиниции за среќа кои сме ги наследиле од традицијата (пазете ја само "Што имала ксмет Стамена, мајка и болна легнала" - само затоа што така Стамена добила шанса да отиде по вода и онда да се мува со Стојан), резултираа со следниов пласман: на светскиот индекс на среќата, ние во Македонија сме 140-ти. Од вкупно 155! Ако, ако, не џабе викаат: кој последен се смее...

Додуша, најсреќните земји, според индексот изготвен од британската организација New Economics Foundation, не се некои звучни имиња кои по дефиниција ќе ви предизвикаат завист: втора година по ред најсреќна е Костарика (што па они?) а втор е Виетнам (?). Следуваат Колумбија, Белизе, Ел Салвадор, Јамајка, Панама, Никарагва, Венецуела и Гватемала.

Рангирањето е изведено на основа на параметри поврзани со квалитетот на животот, очекуваното траење на животот и еколошките фактори.

Притоа, не зе зема предвид националниот доход по глава на жител, еден од клучните параметри во сличното рангирање на ОН.

Токму затоа, Никарагва која е втора по сиромаштија, во овој индекс на среќата го зазема високото 8-мо место.

повеќе

п.с. Среќа е како кога мочаш во гаќи. Сите можат да видат ама само тебе топло ти доаѓа.

27 јуни 2012 - 11:23