Геномот на оризот беше декодиран во 2002, оној на сојата во 2008 а на пченката една година подоцна. И оттогаш се чека на декодирање на пченицата, веројатно најважната билка на оваа планета поради барем две причини: успева на поголема површина од кое било друго хранливо растение и истовремено го снабдува човештвото со една петтина од внесените калории.
Уште еден податок за увид во комплексноста на прашањето: само еден хромозом од пченицата - 3B - е поголем од комплетниот геном на сојата. А сложеноста доаѓа оттаму што кај пченицата не се работи за еден туку за три генома кои се имаат споено во текот на времето: првото спојување се има служено пред 500.000 години, пред да се појави човекот.
На читањето на пченицата биле посветени научници од 19 држави, мозаикот се склопувал цели 14 години и тоа чинело 75 милиони долари.
„Чудо е што воопшто успеавме да завршиме,“ рече водачот на проектот, Келие Еверсол.
Имајќи ја деталната генска мапа на пченицата пред себе, научниците успеале да го идентификуваат оној кој е најважен за нејзината отпорност кон суша и заболувања. Името на генот лесно се памти: TraesCS3B01G608800