Хрватска од 1 јуни воведе нови ограничувања за внесување на производи и храна за патници од земји од регионот што не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија.
Ослободена од царински давачки, ДДВ и акцизи е стока од некомерцијална природа: до 430 евра на аеродроми и пристаништа, до 300 евра на патни и железнички гранични премини. За патници под 15 години до 150 евра.
Во патниот и железничкиот транспорт дозволено е внесување: 40 цигари или еквивалентни количини на други тутунски производи, 1 литар алкохолен пијалок со над 22% алкохол, 4 литри вино и 16 литри пиво. Ослободувањата за тутунски и алкохолни производи не важат за лица под 17 години.
Не е дозволено внесување месо, млеко и нивни производи, но може да се внесе до 20 килограми риба по лице, до 2 килограми мед, јајца и други производи од животинско потекло, до 2 килограми храна за бебиња, медицинска храна и специјална храна за домашни миленици. Леб, бисквити, чоколадо, тестенини, додатоци во исхраната и слични производи за лична употреба може да се внесат ако ги исполнуваат пропишаните услови.
Непријавените или нелегалните производи од животинско потекло се конфискуваат и уништуваат, а патникот може да биде парично казнет.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.