"Направи го тоа за Данска" е слоганот на кампањата за зголемување на наталитетот која ја покрена данската компанија Spies коај се фокусира на еден од ретките проблеми кои ги има Данска - наталитетот.
Другото им е до толку добро што според глобалниот индекс на среќа на Обединетите Нации, таа е најсреќната земја на светот.
Економија и пари (211 милијарди долари БДП на 5,6 милиони население), здравство, образование, социјални права, екологија, родова и друга рамноправност.... сè е подмачкано.
Е, ама деца нема. Стапката на наталитет им е една од пониските во Европа. Се раѓаат 10 деца на 1.000 жители што е најниско ниво во земјата во последните 27 години.
Како се решава тоа? Иако се многу напред, на таа тема уште се на наше ниво - со секс. Дополнително, утврдиле дека Данците имаат 46 проценти повеќе секс кога се на некое патување.
И еве го решението - зачнете додека сте на одмор и добивате три годишни залили на пелени и бесплатно патување кое ќе му годи на вашето дете.
Раскажана во видео, оваа феноменална кампања изгледа вака: