Предизборниот памлфлет на онаа ридикулна главуџа наречена Доналд Трамп е насловен "Имиграциска реформа која ќе ја направи Америка повторно голема" и содржи "базични принципи" кои објаснуваат дека мора да постои ѕид на јужната граница со Мексико, дека држава без граници не е држава и дека ниеден досегашен имиграциски план не ги поправил примањата и безбедноста на сите Американци.
По Трамп, испаѓа дека САД досега никогаш не биле држава. Како ли ја вика тој онаа творба која ги има угостено неговите предци на свое тло?
Доналд Трамп по таткова страна е Германец.
Во средината на 19-от век се раѓа и политички се артикулира силна политичка групација која се залага за рестриктивна политика кон новодојденците. Особено со оние од католички земји. Тоа се турбулентни времиња па таа битка минува со тепачки, барикади. играат пушки и пиштоли. Особено во Синсинати.
Американската партија (Know-Nothing Party) е лидер во таа ксенофобичност но заради силниот отпор, меѓу другите и на германската заедница, завршува како историски лузер. Благодарејќи на нивниот неуспех да ја наметнат својата политика кон имигрантите, Фредерик Крист Трамп (дедото на овега), заедно со други сонародници од Германија успева да стигне и да заживее во Америка во 1885-та година.
Новодојдените Германци кои немаат занает им конкурираат на оние Американци кои немаат занает. Новодојдените германци кои имаат занает им конкурираат на американските знааетлии. Новодојдњените земјоделци од Германија им стануваат конкуренција америкаските земјоделци. И никому ништо. Денес со САД живеат 50 милиони Америкнци со герменски корен.
Тоа се децении во кои во САД годишно стигнуваат и преку 5 милиони имигранти. Тоа се тие луѓе кои всушност ја имаат направено Америка голема.