Срање версус Дамб, пронајди ја разликата

Отако мажот на Кардашијан ги обелодени своите политички амбиции и најави дека ќе се кандидира на следните изброи, теоретски е можно во 2020 да гледаме претседателски дуел Кање Вест - Доналд Трамп. Оф.

Подолу се измешани изјави од двајцата живописни и будалести алапачи а вие обидете се да погодите која чија е.

  1.  Моите прсти се долги и убави и тоа е многу добро документирано, како и за останатите делови од моето тело.
  2. Најголема болка во мојот живот е што никогаш нема да можам сам да се гледам како настапувам на сцена.
  3. Луѓето често вела дека не можеш сите да ги задоволиш. МИслам дека е тоа само обилно вадење.
  4. Кејти Пери мора да била пијана кога се мажела за Расел Бренд.
  5. Сите знаат дека сум во право дека Роберт Патисон треба да ја батали Кристин Стјуарт. За некоја година, ќе ми биде ббагодарен за тоа. Играј паметно, Роберт.
  6. Кој ја гледал претставата Wicked? Јас ја гледав 4 пати? Освен што ја сакам музиката, глумењето и костумите... тоа е мојата приказна!
  7. Немам видено слаб човек да пие диетална Кола.
  8. Донесувам прекрасни одлуки кога сум во продавница за точаци.
  9. САД не може да прима назад луѓе со Ебола. Убаво е што тие заминале на далечни места да им помагаат на луѓе ама за тоа мора да си сносат последици.
  10. Некогаш ја затворам вратата од лифтот кога човек трча накај него да го фати. Понекогаш лифтот ми треба само за мене, тоа е моето седумкатно светилиште. 
  11. Ако имате јаболко и јас имам јаболко и ако ги размениме овие јаболка, секој од нас пак ќе има јаболко!
  12. Шер, ти ветувам дека нема да зборувам за твоите огромни неуспеси од пластичните операции.
  13. Дали знаете каде можам да најдам мермерна конференциска маса? Планирам да организирам една конференција ама нема да ја правам додека не најдам маса.
  14. Здрави млади луѓе одат на лекар и таму ги пумпаат со тешки вакцини и - аутизам! Толку многу случаи!
  15. Мислам дека Твитерот го правеле имајќи ме мене во глава.

 

**********************************************

Решение:

1. Трамп; 2. Кање; 3. Кање; 4. Трамп; 5. Трамп; 6. Кање; 7. Трамп; 8. Кање; 9. Трамп; 10. Кање; 11. Кање; 12. Трамп; 13. Кање; 14. Трамп; 15. Кање.

28 јануари 2016 - 14:33