Во Јапонија, исчезнувањето од работното место без претходна најава е познато како bakkure, концепт кој на нашки би бил „ghosting“. За странци во Јапонија, напуштањето на работата без претходна најава би се сметало за неодговорен чин. Но, во рамките на логиката на јапонските социјални интеракции, исчезнувањето е начин да се избегне директен конфликт и да се одржи хармонијата.
Цвета побарувачката за агенции кои се справуваат со нечиј отказ. Една од нив „Албатрос“, секој месец им помага на околу 450 луѓе да дадат отказ без конфронтација. Наплаќаат приближно 120 евра по клиент кој работи со полно работно време. Поголемиот дел од овие клиенти се млади професионалци во услужната индустрија и производството.
„Причините зошто луѓето бараат да дадеме отказ во нивно име се движат од потенцијален физички конфликт до сексуално вознемирување“, вели Јука Хамада од Албатрос. „Тие се ранливи случаи и не се доволно храбри да ја напуштат својата работа.“
Според анкета спроведена меѓу јапонски работници на возраст од 20 до 49 години, еден од тројца луѓе доживеале непријатности кога сакале да престанат да работат.
Традиционалната јапонска корпоративна култура потекнува од економскиот бум по Втората светска војна и се потпира на идејата за „доживотно вработување“. Во оваа култура, лојалноста се смета за највисока доблест, а шефовите често ги гледаат оставките како навреди, па затоа многу млади вработени се плашат да дадат оставка лично.
„Објавувањето на намерата за оставка може да се чувствува не само како раскинување на договор, туку како разочарување на другите или предавство на очекувањата на деловната заедница во која се делува“, објаснува професор на еден јапонски универзитет.
Оние што ја нарушуваат хармонијата не се ценети, па затоа некој што си заминува може да чувствува дека треба едноставно да исчезне без да прави премногу врева.
Овој културен притисок за избегнување конфликти е длабоко вкоренет и го има и во Уставот на Јапонија од 17 члена, темелот на современото јапонско управување од 7-от век, каде експлицитно се наведува:
„Хармонијата треба да биде ценета а кавгите треба да се избегнуваат“.
Во Македонија тоа се решава поинаку: