Гугл веќе не го занима ДЕИ

На уште едно дувло на најразлични разбудени иницијативи кое гордо ги парадираше своите политики во времето на Бајден деновиве од ведро небо му дојде инспирација дека треба да раскрсти со истите.

Алфабет ги укинува сите свои цели за ангажирање на повеќе вработени што ги исполнуваат ДЕИ стандардите и во исто време ги ревидира (повлекува) сите иницијативи на оваа тема.

Во годишниот извештај што неделава го испраќа до Комисијата за хартии од вредност и берзи, Алфабет ја има избришано линијата која вели дека е „посветен разноликоста, рамноправноста и инклузивноста да бидат дел од сè што ние правиме и да ја зголемува својата работна кој ќе ги претставува корисниците на кои им служиме.“ Оваа изјава беше дел од годишните извештаи од 2021 до 2023.

Компанијата на своите вработени им порачува дека ги разгледува неодамнешните судски одлуки и извршни одредби потпишани од Доналд Трамп за укинување на ДЕИ кај сите надворешни соработници на американската влада и федералните служби.

Раководителката на ЕјчАр на Гугл, Фиона Чичони, за Верџ објаснува дека во 2020 имале „амбициозни цели фокусирани на на нашите канцеларии надвор од Калифорнија и Њујорк со цел да се подобри застапеноста... во иднина повеќе нема да имаме такви амбиции“.

Пред Гугл идентично магично исчезнаа и ДЕИ амбициите, плановите и ветувањата и на Фејсбук и на Амазон.

6 февруари 2025 - 11:09