Само минатата година, „креаторите на содржини“ на страницата Онлифанс заработиле повеќе од 2,5 милијарди долари, главно од +18 содржини за возрасни.
Дистрибуцијата на таа заработка е друга тема (некои заработуваат +10 милиони долари месечно, други - лушпи од кикирики). Поради хиперпродукцијата, моделите некогаш не можат или не сакаат директно да комуницираат со оние кои им плаќаат претплата. Затоа, тука се агенциите во кои работат за да им организираат луѓе за чет со клиентите.
Еден од нив е дечко од Србија кој се претставува како Голуб. Работи пет дена неделно по осум часа. Тргнал со плата од 1.200 долари месечно, стигнал до 2.750.
„Работа ко работа,“ вика Голуб, споредувајќи го својот ангажман со оние што во трафика продаваат цигари. Луѓе доаѓаат на платформата и бараат одредени содржини, платформата им ги дава за пари.
„На почетокот не знаев за што се работи. Подоцна, од еден пријател слушнав дека некои негови познаници можат да заработат до 3.000 евра месечно. За некои, оваа работа е гадна, но за мене, тоа алиби е глупо. Тие претплатници би нашле некој друг начин да се задоволат“, вели дечкото.
Некои од нив се на фиксен хонорар, но некои од „четерите“, особено поискусните, работат на процент што им овозможува да заработат повеќе.
„Кога работите за процент, мора сами да пишувате сè, но овие кои се фиксни плати, тие најчесто користат програми со кратенки кои и јас за себе ги имав направено. Ја пишувате само кратенката и програмот испишува сè. Подоцна, кога се префрлив на проценти во други агенции, веќе имаше малку повеќе емоционална инвестиција во тоа бидејќи морам да размислувам што ќе го натера да даде пари бидејќи јас заработувам директно од тоа колку продавам“ вели Голуб.
Во просек, околу 50 луѓе се претплатуваат по модел за време на една смена а приближно 150 до 200 луѓе контактираат оператор како Голуб за време на една смена.
Во текот на разговорите со „напалените“, дечките како Голуб запишуваат и конкретни лични детали за неговиот профил, за да може другпат, некој друг оператор да го продолжи разговорот а овој да мисли дека комуницира со истата девојка.
Од лично искуство, видел дека некој за еден модел има оставено 120.000 долари.



