Муабетите дека големите технолошки компании премногу пари трошат на вештачката интелигенција дополнително ги загреа последниот потег на Гугл. Компанијата запна да врати еден нивен вработен кој од таму после долги години си отиде незадоволен од третманот не неговиот труд. Одврзаа ќесе за 2,78 милијарди долари и го вратија.
По ново, цела Австралија има право на исклучување, што значи целосно игнорирање на пораки, мејлови и телефонски повици од директорот, газдата, претпоставениот, по завршувањето на работното време.
Првиот човек на австралиската компанија за минерални ресурси што како ретко кој успеа да ги врати од дома своите вработени и целосно да укине работа од дома, сега сака да ги укине и паузите за кафе.
За почеток е тест проект и со него се опфатени само дел од државните работници, ама затоа тие што се опфатени не само што ќе работат по 4 дена туку и во тие денови ќе работат по само 7 часа.
Четири години по почетокот на ковид пандемијата Дел не може да ги врати вработените во своите канцеларии, па објави цела иницијатива која треба да помогне околу тоа. Не помогна.
Белгиската влада ќе интервенира во случаи кога проститутките премногу често ќе одбиваат секс. Новиот закон регулира и подобрува многу аспекти од работата на сексуалните работнички но и овој погоре - ако веќе се работнички, треба да се работи.
Еден популарен американски синџир на продавници со години прави скрининг на кривичните досиеја и криминалната историја на оние кои се јавиле да работат кај нив. Нејќат луѓето осудувани лица. Сега попија тужба од државна агенција за работни односи која цени дека таквата пракса е - расистичка.
Корпорациите во своите постојани преструктуирања и вртења на вработените се повеќе се наклонети кон еден метод во кој вработениот добива повисока позиција и повеќе работа и одговорности, но без покачување на плата, ова се вика суво унапредување.
Вработени на огромни и познати компании од Америка и Европа (Волмарт, Нестле...) се мониторираат од вештачка интелигенција која ја следи нивната секојдневна меѓусебна комуникација, за газдите во реално време да можат да го следат нивното расположение. Шпионскиот софтвер преработува околу 20 милијарди индивидуални интеракции на преку три милиони вработени.
Корпорацијата Бургер кинг решава несебично да го награди со ранец, карти за кино и Старбакс шолја својот веројатно најлојален вработен кој цели 27 години нема пропуштено ниту еден единствен работен ден. За среќа на работникот, интернетот дозна за ова.
Еднаквоста меѓу половите, јазот во платите, зајакнувањето на позицијата на жената и другите актуелни теми од овој тип се решаваат со разни средства и алатки. Сепак, ова досега го немало: постои компанија која тврди дека жените можат многу да си помогнат и на работното место и дома, само ако научат да играат покер.
Кинеската масовна анти-корупциска кампања имала неочекувано позитивна нус-појава и предизвикала намалување на БМИ-то и бројот на дебели јавни службеници на сите нивоа низ кинеската хиерархија.
Ген З работниците бараат резимето веќе да не биде главен фактор за наоѓање работа, туку дека тие треба да бидат вработени заради нивната „личност“, а не заради продуктивноста.
На интернет ќе најдете мал милион совети за двете страни на едно вработување: и за оние кои бараат работа и за оние кои го спроведуваат процесот и треба да ги елиминираат несоодветните кандидати. Ова е еден од поглупите и ние, искрено, не би го минале тестот. Со големо задоволство.
Економијата која цел континент ја чека малку од малку да почне да дава знаци на живот, одлучи дека заради топлото време може е најдобро помалку да работат отколку до сега.
За машинското учење да може само да препознава куче, некој мора претходно да му достава материјали кои ќе му доловат како изгледа куче. Тоа го прави армија нископлатени луѓе чија работа во обуката на вештачката интелигенција е драгоцена но се платени со минималец.
Најголемата лага што си ја кажуваме е дека ја сакаме вистината и везден сме во потрага по вистината. Ние ја посакуваме неа - во теорија. Во пракса, ја избегнуваме, негираме и се плашиме од неа. Вистината гласи: Вистината е тешка и... непријатна.
Како што изминативе години ИТ индустријата почнува да се освестува (под притисок од секакви кризи) и да открива дотогаш незамисливи концепти на продуктивност и пазарна исплатливост, така најголемите ИТ џинови почнаа со масовни отпуштања на десетици илјади вработени, од кои сега излегува дека најголемиот дел немало ни потреба да бидат вработени.
Иан Клифорд е ИТ техничар вработен во ИБМ кој 15 години е на боледување. Сега Иан Клифорд го тужи ИБМ по основа на дискриминација дека сите овие 15 години додека е дома компанијата му ја нема кренато платата.
Германија и Кенија се сред преговори да најдат начин како кениски работници да пополнат 250.000 работни места во германската индустрија за кои државата моментално не може да најде луѓе.
Шпанскиот суд одлучи дека компанија не смее да го отпушти својот вработен, инаку електричар, по основа дека бил пијан затоа што тоа не го докажала и покрај тоа што истиот бил виден како на ручек пие пиво и вино и бренди.
Советот од инвеститорите за годинешните матуранти е дека треба да се решат за технолошки смер, наместо за финансии. За децата што денес се во градинка инвеститорите немаат баш најведри прогнози околу нивното вработување во која било од овие две индустрии, исклучиво заради растот на вештачката интелигенција.