Иако се знае дека човекот испил повеќе од три литри пиво во текот на еден работен ден, фирмата не докажала дека заради таа количина тој бил „напиен, опиен или пијан“ или неспособен да ја заврши својата работа.
Заради овој пропуст судот во Мурсија и наредил на компанијата или да го врати назад на работа вработениот или да му плати надомест од 47.000 евра. Исто така компанијата била опомената дека не го земала предвид влијанието што жешкото лето карактеристично за Мурсија го имало врз пиењето на човекот.
Електричарот работел во компанијата повеќе од 27 години, а бил отпуштен во септември 2021 откако приватен детектив најмен од компанијата го следел во текот на неколку дена.
Според отказот, отпуштениот заедно со еден колега на 5 јули 2021 застанале на пијачка во бар во 8 и 27 часот наутро. За ручек купиле нешто храна плус четири лименки Сан Мигуел пиво и литар Естрела пиво. Подоцна попладнето тој се напил уште една лименка пиво, а нешто пред 18.30 купил и испил уште една лименка пред да го врати службеното комбе во фирма и да си замине дома.
Две недели подоцна истиот е фатен заедно со двајца колеги како пијат вкупно седум литри пиво од утрото до крајот на нивната пауза за ручек. Подоцна истиот ден тој пие две лименки 0,33л Хајнекен, а подоцна и уште една лименка пред да се врати во централата на компанијата. Шест дена подоцна електричарот е виден како пие шише 0,33л пиво пред ручек, пред да испие три чаши црно вино со ручекот, по што следувала чашка бренди.
Сета оваа уредна работа што ја завршил приватниот детектив пропаднала затоа што никаде не било утврдено дека вработениот бил пијан, ниту пак тоа се гледало од неговиот физички изглед или работата што ја завршил.
Од судот плус имале разбирање за тоа што пиењето се случувало исклучиво за време на паузите во работниот ден, и дека човекот пиел заедно со колегите, кога јаделе и им било потребно „освежување“.