Сторијата на Кевин Форд минатото лето станува вирална по видеото што тој го објавува на Тикток, а во кое е благодарен на својот работодавец за гестот.
Минува некое време како видеото се шири пред неговата ќерка да постави кампања на Гофандми за собирање на донации од некои си 200 долари за Форд да може да оди да ги види своите внуци.
Година и пол подоцна, петицијата собира донации во износ од над 460.000 долари, а Форд, веќе во својата 5-та деценија, за прв пат во животот може да си купи куќа и да не живее под кирија.
Форд продолжува да работи во Бургер кинг, а парите што му се останати после купувањето на куќата планира да ги вложи во својот пензиски фонд.