Луѓе се вратија на работа и - продуктивноста опадна

Статистиката укажува на парадокс: додека се работеше од дома, учинокот на вработените не беше намален. Сега е проблемот, кога луѓе навикнати да работат без канцелариски оговарања и шефчиња кои парадираат наоколу, се враќаат на старото место од кое на капитализмот му ги подаруваат најплодните денови од својот живот.  

Една од најинтересните работи поврзани со пандемијата е дека работата од дома не се одрази негативно на продуктивноста.

Во многу случаи, вработените беа и попродуктивни од дома, или затоа што беа посреќни таму или затоа што вложуваа дополнителен напор да ги импресионираат шефовите.

Американското биро за трудова статистика сега открива дека продуктивноста е опадната во првата половина од оваа година, и тоа драматично како во 40-тите години. 

Економистите се обидуваат да го објаснат овој пад и да сфатат што тој значи за пост-пандемиските промени во работните места, кои сега вклучуваат и хибридни шеми што дозволуваат да се биде подолго време надвор од канцеларија. 

Можеби дел од вработените сакаат на шефовите да им дадат до знаење дека работите се имаат сменето. 

Веројатно постои тренд на „тивко баталување“ во кое некои вработени намалиле со темпо бидејќи работејќи од дома се рекалибрирале: си го преиспитале животот, приоритетите и колку работата навистина им е најважна.

Продуктивноста можеби опаѓа и затоа што луѓето се вратија на работа со чувство дека работодавците не им се најдоа доволно кога им беше потребна поддршка за време на пандемијата. 

За менаџерите, главниот проблем лежи во вработените, меѓутоа забораваат на својот дел од работата, меѓу другото, тие вработени да се чувствуваат како луѓе. За илустрација на проблемот, во пораст е употребата на софтвери за мониторирање на продуктивноста кои следат кој колку куцка на тастатура или пак прават снепшотови од мониторите на вработените. 

Јако мотивирачка е тоа работна атмосфера во која се шпионират луѓе, нели, HR чувари на логорите?

*****

Види и: 

Зошто шефови и менаџери нејќат работење од дома?

8 ноември 2022 - 11:34