Во 2019 година, прочуениот Стивен Спилберг отворено побара филмовите кои се прикажуваат на стриминг сервиси да бидат изземени од наградите Оскар поради тоа што „кино салите треба да останат засекогаш“ и поради тоа што на публиката треба да ѝ се овозможи да го вкуси магичното кинотечно искуство. Стриминг платформите, читај Нетфликс, останаа на своето. Само пар години подоцна, поточно минатиот месец, компанијата на Спилберг потпиша договор со Нефликс.
Во некои клучни аспекти, слично се случува и со работењето од дома кое го наметна ковид пандемијата. Сакале или не, таа епизода која уште не е завршена ќе изврши дефинитивни промени во работниот пејсаж. И кога рестрикциите се укинуваат, некои фирми продолжуваат на вработените да им ја оставаат опцијата да работат од дома, што поради продуктивноста, што поради намалувањето на трошоците. Гугл на пример, на свој висок менаџер му дозволи да работи од дома, и тоа од Нов Зеланд.
Ланска студија на Мерсер покажа дека огромен број вработени го фаворизираат работењето од дома, поради бројните погодности кои тоа ги нуди.
Се чини, најголем отпор има кај менаџерските слоеви.
Тоа е така затоа што во модерниот бизнис, менаџерството сè помалку се гледа како вештина а сè повеќе како титула, нешто во што луѓето сè унапредуваат а што ја носи привилегијата да викаш по луѓе и да ги срамиш на состаноци. Одземи им го физичкиот простор на тој тип менаџери, и ќа видиш како им ее тешко да ја оправдаат својата улога во фирмата освен со тоа што делегираат задачи и се константно незадоволни од резултатите.
Работењето на далечина ги јакне оние кои навистина работат а истовремено е ноќна мора за оние кои успеваат затоа што се одлични дипломати а се слаби работници и кои позицијата ја должат на своите дипломатско- улизувачки вештини и способноста секогаш да најдат виновник кај некој друг.
„Одземи им ја опцијата да изгледаат продуктивни, со тоа што постојано зјаапат во монитор а по телефон скогаш гласно ќе потенцираат како глава на можат да дигнат, и веднаш станува јасно колку тие шефови и менаџери всушност ништо не придонесуваат за успехот на фирмата“, пишува Ед Зитрон во Атлантиук.