- Грчката престолнина доби највисока оценка (99,75 од можни 100) за леснотијата на истражување и достапност без автомобил.
- Со ова се бавела компанијата за гостопримство Акор која собрала податоци од европските градови за тоа колку центарот е посветен на пешаци, каков е јавниот превоз и колку се достапни познатите туристички атракции во градот.
- Многу блиску зад Атина е Минхен а трет е Лисабон.
- Софија е на одличното четврто место и е пред Хамбург, Порто, Виена, Цирих и Лион.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.