Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул ги повика членките на ЕУ да ги исполнат своите ветувања за проширување кон Западен Балкан. Предупреди дека со тоа, Унијата го ризикува сопствениот кредибилитет и влијание во регионот.
  • Вадефул потсети дека ЕУ им вети членство на земјите од Западен Балкан на самитот во Солун во 2003 година. Тој го критикуваше и германскиот учинок, потсетувајќи дека поранешната канцеларка Ангела Меркел го започна Берлинскиот процес 11 години подоцна, во 2014 година.
  • И покрај ова, нема конкретен напредок дури и по уште 12 години.
  • „Не ги исполнивме нашите ветувања“, рекол министерот. „Навистина би ги повикал сите да им покажат дека ветувањето од Солун е реално, дека сме веродостојни и дека на Европа може да се потпреме“.
извор

Киев го отфрли планот на Трамп за прекројување на Донбас

11 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Украинската делегација го отфрлила предлогот на САД за прекројување на границите на регионите Доњецк и Луханск за да се обезбеди основа за крај на војната. 
  • Американските посредници Стив Виткоф и Џаред Кушнер предложија компромисно решение, според кое Украина би ги променила административните граници на териториите Доњецк и Луханск и да ги прилагоди на актуелната линија на фронтот.
  • Москва така би добила можност да објави дека ја исполнила својата цел да го контролира Донбас во целост, а Киев би ја задржал контролата врз преостанатите 5.000 квадратни километри од овие региони.
  • Пред да почнат разговорите во Абу Даби во вторникот, Трамп навести дека повоена Украина би имала „поинаков облик“. Американски претставници укажаа дека украински функционери во приватни разговори покажале флексибилност за територијалните отстапки.
  • По првиот ден од разговорите, украинскиот претседател Володимир Зеленски забележа дека тие биле „конструктивни и прилично суштински“.
извор

Наши на египетски листа организации поврзани со тероризам

11 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Организација од Македонија е меѓу 35 субјекти што Египет ги ставил на својата листа на терористички организации.
  • Според судската одлука од 10 ноември станува збор за Исламското младинско здружение (تجمع الشباب الإسلامي). 
  • Ставањето на оваа листа од страна на Египет подразбира воведување финансиски санкции, замрзнување на имот и забрана за активности поврзани со египетски субјекти за период од 5 години.

  • На македонската агенција за национална безбедност (АНБ) која сака да се претстави како клучен борец против непожелни странски наративи (види: АНБ со мирис на УДБА), после оваа вест треба да ѝ се вергла оној стих на Звонко Богдан: „А ти о том појма немаш.“  

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
2

Побарано - добиено

Балканштина
3

Поздрав до Македонија од Атина

Навивачи
4

Српскиот регулатор казни телевизија на која било кажано дека се глупи

5

Конечна српска победа над Клинтон

Балканштина
6

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка во Македонија

7

Како од министерка да се вратиш на „Гоца, нокти, евтино“?

Балканштина
8

Ја тужи кладилницата во која ги изгорел парите

1

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
2

Српскиот регулатор казни телевизија на која било кажано дека се глупи

3

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка во Македонија

4

Ја тужи кладилницата во која ги изгорел парите

5

Иран ја пребродува бурата, но Саудиска Арабија тоне

Свет
6

Европа треба да се вклучи во трговските синџири на Кина

Бизнис
7

Професор со лажна диплома предавал за „лажни вести“

Свет
8

Најмалку 12 загинати во верижни судари на автопат во Бугарија

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Побарано - добиено

Балканштина

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Разно

Чекајќи го Потегот

Македонштина

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Разно

Песни од Македонија - Домаќине (Ντομάκινε)

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Кога се има музиката во себе

Да ви покаже Скопје каков Њујорк знае да биде

Сега пак ќе го ребрат Грците

Таа моја гитарска Македонија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy