Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Како што пренесува Црвена Ѕвезда, тие побарале од него да им ја даде Златната копачка за да направат реплика, но тој им одговорил дека музејот на клубот е вистинското место каде треба да биде изложена и им ја дал оригиналната верзија. Панчев ја освои Златната копачка откако во сезоната 1990/1991 заврши како најдобар стрелец во Европа со 34 голови.

Во тоа време ја доделуваше францускиот весник Лекип, а Панчев ја доби лично од Мишел Платини во 2006 година во Скопје.

1 октомври 2026 - 09:01