Горди што не се феминистки

На некои жени феминизмот им е згодна легитимација со која ја прикриваат надмената желба за гушење на сите погледи поинакви од нивните, дури и кога таквите погледи се изворно женски. На некои други жени, феминизмот не им треба. Овојпат, за вторите.  

Бијонсе

Зборот (феминистка) знае да биде многу екстремен. Можеби сум модерна феминистка. Јас верувам во еднаквост но, зошто треба да избираш каков тип на жена си? Зошто мора сама да си ставаш етикета? Јас сум жена и ми се допаѓа тоа.”

Жулиет Бинош

Таа дебата (феминистичката) трае со векови! Досадно е! Непотребно ја храниме таа тема. Да зборувавме за нешто друго, луѓето ќе размислуваа поинаку и работите ќе се сменеа. Бидејќи ние жените сме одговорни - како новинарки, актерки, што и да е -  да тераме напред. Етикетата феминистка ги става луѓето во стеротипно размислување. Креацијата и правењето, активноста, е многу поважна од зборувањето за нешто. 

Сандра Деј О Конор (поранешна врховна судијка на САД, клучна во гласањето за позитивниот став кон абортусот)

Никогаш не сум се нарекувала фемиистка. А водам грижа за жената и нејзиниот развој. Не одев да марширам по улици но кога бев законодавка во Аризона, го испитав сите можни статути, ги издвоив оние кои се дискриминирачки кон жената и потоа ги сменивме.”

Кејти Пери

Не сум феминистка, само верувам во силата на жената”

Карла Бруни

Не сум активна феминистка. Напротив, јас сум буржуј. Сакам семеен живот, сакам да ги правам истите работи секој ден.

Тејлор Свифт

Не размислувам на линија мажи против жени. Никогаш не сум размислувала така. Бев одгледана од родители кои ме убедуваа дека ако машки се трудам, животот ќе биде фер кон мене.”

Мариса Мејер

Не се сметам за феминистка. Се разбира, верувам во еднакви права. Верувам дека жената е истоветно способна ако не и повеќе од мажите во некои аспекти. Само немам милитантен порив по тоа прашање. Лошо е што феминизмот стана во многу аспекти негативен.Од позитивна енергија можат да произлеат позитивни работи. Од негативната не баш".

Лејди Гага

Не сум феминистка. Го сакам мажот, го славам мажот, ја славам американската машка култура - пиво, шанкови и јаки коли.”

Бјорк

Не се идентификувам како феминистка бидејќи мислам дека тоа би ме изолирало. Побитно ми е да правам позитивни работи. Да бараш а не да се жалиш. Веројатно можете мајка ми да ја наречете феминистка. Ја гледав како си го изолира својот живот од мажите и од општеството".

Пи Џеј Харви

Никогаш не размислувам за феминизмот… Не гледам потреба да се гледам како жена во овој бизнис. Тоа ми е губење време”

Мадона

Не сум јас феминистка. Јас сум хуманистка.”

27 април 2013 - 20:45