Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

АНБ со мирис на УДБА

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Агенцијата за национална безбедност, во соработка со МВР и Обвинителството, спроведе истрага за пропагандна мрежа која, според Агенцијата, дејствува во функција на руските интереси“.

* Бедно и предавнички е да се работи во функција на кои било странски интереси ама дали руските имаат посебна предавничка тежина? Ене го, УСАИД уште не е оладен, не можело и за тоа истрага да се спроведе? 

  • „Преку овие псевдо-портали се шират лажни вести, дезинформации и се врши преобликување на наративи за актуелни настани...“

* Дозволени се само официјални наративи на актуелни настани а нивно „преобликување“ е рамно на извртување на божји наративи? Ако е така, каде да ги прочитаме дозволените наративи?

  • „Агенцијата порача дека ќе продолжи со откривањето и спречувањето на пропагандистичките активности кои ги поткопуваат евроинтегративните процеси на земјата“.

Една од најмоќните владини агенции е спрегната да им дише во врат на сите кои не се одушевени од евроинтегративните процеси? Има ли АНБ досиеја за сите оние кои се неутрални, кои навиваат за БРИКС, за конфедерација со Кина, Мароко или Виетнам?

п.с. Не заболе нас патка за руски и други странски интереси, но сме дебело засекирани што постои Агенција која вака знае да се постави во однос на слободата на мислењето и изразувањето. Бидејќи со мислење и изразување се занимаваме.

Јебале вас „наративи“. 

извор

Киев го отфрли планот на Трамп за прекројување на Донбас

11 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Украинската делегација го отфрлила предлогот на САД за прекројување на границите на регионите Доњецк и Луханск за да се обезбеди основа за крај на војната. 
  • Американските посредници Стив Виткоф и Џаред Кушнер предложија компромисно решение, според кое Украина би ги променила административните граници на териториите Доњецк и Луханск и да ги прилагоди на актуелната линија на фронтот.
  • Москва така би добила можност да објави дека ја исполнила својата цел да го контролира Донбас во целост, а Киев би ја задржал контролата врз преостанатите 5.000 квадратни километри од овие региони.
  • Пред да почнат разговорите во Абу Даби во вторникот, Трамп навести дека повоена Украина би имала „поинаков облик“. Американски претставници укажаа дека украински функционери во приватни разговори покажале флексибилност за територијалните отстапки.
  • По првиот ден од разговорите, украинскиот претседател Володимир Зеленски забележа дека тие биле „конструктивни и прилично суштински“.
извор

Наши на египетски листа организации поврзани со тероризам

11 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Организација од Македонија е меѓу 35 субјекти што Египет ги ставил на својата листа на терористички организации.
  • Според судската одлука од 10 ноември станува збор за Исламското младинско здружение (تجمع الشباب الإسلامي). 
  • Ставањето на оваа листа од страна на Египет подразбира воведување финансиски санкции, замрзнување на имот и забрана за активности поврзани со египетски субјекти за период од 5 години.

  • На македонската агенција за национална безбедност (АНБ) која сака да се претстави како клучен борец против непожелни странски наративи (види: АНБ со мирис на УДБА), после оваа вест треба да ѝ се вергла оној стих на Звонко Богдан: „А ти о том појма немаш.“  

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
2

Поздрав до Македонија од Атина

Навивачи
3

Побарано - добиено

Балканштина
4

Како од министерка да се вратиш на „Гоца, нокти, евтино“?

Балканштина
5

Српскиот регулатор казни телевизија на која било кажано дека се глупи

6

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка во Македонија

7

Конечна српска победа над Клинтон

Балканштина
8

Ја тужи кладилницата во која ги изгорел парите

1

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
2

Српскиот регулатор казни телевизија на која било кажано дека се глупи

3

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка во Македонија

4

Ја тужи кладилницата во која ги изгорел парите

5

Иран ја пребродува бурата, но Саудиска Арабија тоне

Свет
6

Европа треба да се вклучи во трговските синџири на Кина

Бизнис
7

Професор со лажна диплома предавал за „лажни вести“

Свет
8

Најмалку 12 загинати во верижни судари на автопат во Бугарија

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Побарано - добиено

Балканштина

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Разно

Чекајќи го Потегот

Македонштина

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Разно

Песни од Македонија - Домаќине (Ντομάκινε)

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Три златни правила на дебатирање

Да, а?

Корбизије прогласен за културно наследство

Офф.нет го пријавува Офф.нет за лажна вест

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy