Шефот на ФДА обвинува:

Фаучи го организирал масовното криење на изворот на ковид

Ентони Фаучи, шефот на здравствената политиката на САД од времето на пандемијата, бил целосно вклучен во масовните напори за прикривање на потеклото на коронавирусот, тврди првиот човек на Администрацијата за храна и лекови. Фаучи ги притиснал експертите за здравство да ја прифатат неговата теорија дека вирусот не потекнува од лабораторија.

Иако е исклучително очигледно, речиси никој во медицинскиот естаблишмент не разбира дека Фаучи бил вклучен во масовно прикривање на потеклото на ковид. Без разлика дали бил вклучен или ги финансирал експериментите во Вухан кои беа изворот на ковид, тој бил 100% вклучен во прикривањето, вели актуелниот комесар на ФДА, Марти Макари.

Во 2023 година, Комитетот за надзор на Претставничкиот дом објави докази дека Фаучи нарачал и одобрил научен труд од февруари 2020 година „Проксималното потекло на SARS-CoV-2“, во кој се отфрла хипотезата дека вирусот протекол од лабораторија на Институтот за вирусологија во Вухан. Набрзо потоа, Фаучи за време на брифингот во Белата куќа заедно со претседателот Доналд Трамп ги истакна наодите од трудот како доказ против теоријата за протекување во лабораторија.

На крајот на јануари, непосредно пред ковид да стане главна вест, што правеше докторот Фаучи? Тој френетично се вклучуваше во масовно прикривање со испраќање имејлови и телефонски повици во 3 часот наутро. Собираше научници. Белешки од тие состаноци откриваат дека сите вирусолози што ги свикал му рекле дека вирусот најверојатно потекнува од лабораторијата во Вухан. Неколку дена подоцна, истите тие научници напишаа писмо во медицински журнал во кое велат дека ковидот дефинитивно не потекнува од лабораторијата. Јасно е како дошло до тоа, додаде шефот на FDA. 

Макари, исто така, тврди дека Фаучи упорно работел да се намалат ограничувањата што администрацијата на Барак Обама ги воведе за истражувања за „стекнување функции“ кај вируси. Заедно со Френсис Колинс, тогашен директорот на Националниот институт за здравство, овозможил федерални грантови за овие генетски експерименти за развој на смртоносни и заразни вируси.

Во последните денови од администрацијата на Џо Бајден, Фаучи доби претседателско помилување што опфаќа потенцијални прекршоци извршени по 1 јануари 2014 година.

Макари додава дека бирократските мерки што ги спроведе Фаучи биле дел од поопширните напори за цензурирање на дебатата во врска со вирусот карантините воведени поради пандемијата, а потоа и со вакцините. Жртва на цензурата беше и Џеј Батачарја, актуелниот директор на Националниот институт за здравство.

И јас бев на црната листа на Твитер. Споделував вистински информации што некому беа незгодни. Тоа беше грубо кршење на Првот амандман, изјави Батачарја за „Зиро хеџ“ и додава: Ние повеќе не сме во бизнисот со цензура.

28 ноември 2025 - 14:06