- Кола со минати 40.000 километри се смета дека има мала километража. 40.000 километри е нешто повеќе од обемот на планетава. Значи кола со мала километража веќе го има обиколено светот.
- Освен ако не си ѕвезда, Твитер е како да си зборуваш самиот со себе во преполна соба.
- Што ако сите оние средновековни кралеви кои биле убиени со храна, само имале алергии на храна кои тогаш не биле познати?
- За 1-ви април, Брејзерс треба да направи видео во кое згоден водоводџија оди дома кај згодни студентки цимерки, стварно им го поправа казанчето и си оди.
- Жените кои во брак го задржуваат своето презиме заради феминистички идеали, во основа се осигуруваат дека ќе го носат името на двајца мажи, нивниот сопруг и нивниот татко.
- Кога ќе може да патуваме во времето, треба да отидеме во 19-то век и на луѓето да им го покажеме Трансформерс, ама да им го претставиме како документарец.
- Детелините со четири листа се ретки само затоа што луѓето цело време ги кинат и со тоа не оставаат мутацијата да се прошири.
- "Оди легни и утре ќе ти биде подобро" е човечка верзија на "дали рестратираше?"
- Кога пиеш алкохол, само позајмуваш од среќата од утре.
- Ако Обама беше претседател на Кенија, тој ќе беше нивниот прв бел претседател.
- Да се обидуваш да се збогатиш на лотарија е исто како да сакаш да се самоубиеш летајќи на комерцијални летови.
- Твојот стомак мисли дека секој компир е пире.
- Потонувањето на Титаник сигурно им изгледало како чудо на раковите што биле во кујната.
- Порнографија е единствената професија во која аматерските производи се повеќе ценети отколку професионалните.
- Ако Хилари Клинтон победи на изборите во 2016-та, тоа ќе биде прв пат двајца претседатели да имале секс меѓу себе.
- Марс е комплетно населен од роботи.
- Новороденчињата цело време плачат затоа што секој проблем што го имаат буквално е најлошото нешто што до тогаш им се случило во живот.
- Што ако Египќаните не ги обожувале мачките, туку само се глупирале со нив како ние денес на интернетот?
- Убивањето пајак само ја подобрува природната селекција и ги прави следните генерации поспособни и посмртоносни.
- Некои рапери во основа не' имаат натерано да им платиме за да ни кажат кои се' екстравагантни работи ќе ги прават со нашите пари.
- Паркот Јура е предупредувачка приказна за опасноста од лошо платени ИТ техничари.
- Добивање пари за роденден и еквивалент на минување старт на Монопол и добивање пари.
- Единствената причини зошто славните секогаш велат "следи ги соништата" е затоа што тие се дел од многу малата група од популацијата на која ова и успеало.
- Скуби-Ду не' научи дека во вистинските чудовишта секогаш се кријат луѓе.
- Најголемиот дел од проблемите во мојот живот се сведуваат на две причини: правам нешто без да размислувам, или размислувам без да направам нешто.
- 1980-та е подеднакво далечна како и 2048-ма.
- Научи човек да лови риба и ќе ти плати еднаш, продади му риба на човек и тој ќе ти плаќа цел живот.
- Сите домашни миленици имаат Стокхолм синдром.
- Единствената причина зошто ниту една лага не минала неказнето, е затоа што никогаш не сме дознале за лагите што минале неказнето.