Кога на Американците уште им се стегаше газот дали лансирањето воопшто ќе успее, овде на Балканот веќе била позната горката ВИСТИНА зад тој проект: човекот би да запичи и накај вселената само да не го чуе плачот на гладното дете дома!
Подолу е текстот на песната која не се занимава со евтина љубовна патетика, везден скршеното срце или некои други - тотално надвор од умот - теми (лимон и текила, бе?), туку директно ги промислува најдлaбоките хуманистички и морални дилеми на тоа време, предизвикани од еден таков вонсериски технички подвиг каков што е патувањето на Месечината.
Да, да, сосе марула, пршута и све :)
Spavam, jadna, u drveni krevet,
a moj Mile, u Apollo 9.Momci nam se veru na Veneru,
devojke im kiselicu beru.
Suve šljive i planete, a na Zemlji plače dete.
Traži hleba i salate, gladno dete, brate! (X2)Kaži, Mile, vasionski brate,
na Mesecu ima li salate?Il' salate, il' pršute stare,
il' su tamo sve gole pustare?Napredno sam i ja dete,
želim s tobom na planete!Na Zemlji nas đavo vreba,
sve zbog džaboleba! (X2)Ko li našu Zemlju špijunira,
iz letećih nečijih tanjira?Da l' su oni od Apolla veći,
il' su možda neki ljudi treći?
Navalila buka, jeka, dvadesetog našeg veka,
iz ove se naše kože nikuda ne može! (X2)
Генијално, нели?
Инаку, зад песната стои композиторско - пеачкиот тандем Обрен Пјевовиќ - Машинка Лукиќ.
Пјевовиќ е поет, текстописец и композитор кој важел и за боем од највисок ранг. Неговиот авторски багаж се состои од преку 170 песни, голем дел од нив веќе влезени во фолклорното наследство на Србија. За него велат дека е човекот кој успеал да го дефинира шумолењето на Морава (хихи). Кога не се занимавал со вакви глобални контроверзи како во "Аполо 9", Пјевовиќ бил длабоко вткаен во локалниот бит на Шумадија за што сведочат и насловите на песните како што се: Тера Ера стадо, Поље је певало, Капија се шара, Обеси Венац о дренац и други.
А мадам Лукиќ е нормално - Машинка. Култната певаљка со самото свое име како да била предодредена да се фати во костец со техничко - технолошките чуда на својата ера. Името Машинка не е производ на пијан кум или вешт ПР менаџер, туку своевремено сосема легитимен избор на име. Во повоена Југославија било вообичаено својата фасцинираност од техничките изуми, луѓето да ја преточуваат во имињата на својот пород што резултирало со не мал број Машинки, Тракторки и слични имиња- омажи на чудесиите на новото време.
А сега повторно прочитајте го феноменалниот текст на Аполо 9 и бидете искрени: можете ли да замислите некој од нашава естрада вокално да се зачуди над ракетните предизвици на Елон Маск или пак молски да зацвили над тажната судбина на дизел технологијата?
****
Види и: