- Со апсење на еден 39 годишен осомничен, француската полиција верува дека сите четворица членови на бандата која го ограби најпосетуваниот музеј во светот се во нивни раце.
- Последниот уапсен има шест претходни пресуди. Му се закануваат 15 години за учество во организирана банда и 10 години за злосторничко здружување.
- На групата им требаа само осум минути да ја изведат кражбата која заврши со монетарен плен од околу 88 милиони евра, не сметајќи ја историската вредност на украдените работи. Им помогнал и идиотскиот систем на обезбедување на Лувр чиј пасворд бил - „Лувр“.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.