Лошо

Мамо, кој чука на порти? Орвел, ќерко, Орвел

Познатата британска феминистичка писателка Џули Биндел влезе меѓу оние на кои полицијата им тропнала на врата за, како што се испостави, една од анонимните поплаки за „злосторство од омраза“ со кои се гонат објави на социјалните мрежи. Интересно во нејзиниот случај е што не можела да дознае конкретно што и конкретно кому тоа му згрешила.

Човекот кој моли да копа по депонија

Покрај оној легендарен „пица бој“ лузер од Флорида кој си купил пица со биткоини кои денес вредат стотици милиони долари, Њупорт во Англија има свој еквивалент. Случајно го фрлил хард дискот на кој имал биткоини кои денес вредат преку 500 милиони фунти. Цела деценија го моли градскиот совет да му даде дозвола да копа по депонијата а и процент им нуди. Не па не.  

Тоа што не успеа Мао Це Тунг, ќе успеат излудениве либерали

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, го потпиша контроверзниот „Закон за безбедност“ кој ги спречува училиштата да усвојат каква било политика која ќе бара од наставниците и персоналот да ги информираат родителите ако нивното дете сака да биде третирано како припадник на спротивниот пол или како „не -бинарно“. Културната револуција на Мао (детето ѝ припаѓа на државата а не на родителите) продолжува.

Навреда посилна од силување

Германија, ЕУ, Западна цивилизација, 2024 година: Млада жена која „навредила“ мигрант кој учествувал во групно силување на малолетно девојче добила подолга затворска казна од самите силувачи. Вака ЗНМ и други гранташки борци против навреди и говор на омраза ја замислуваат иднината?

Стар педофил цицал палец за да извади гз

Осуден сексуален престапник кој се појавил на судско рочиште облечен во бизарна инфантилна облека, барал да му се обраќаат како на девојче тврдејќи дека ментално е на ниво на дете од седум години. За да биде поуверлив во тоа, во судницата си цицал палец. Судијата сето тоа го дозволил. Денес и тие мора да се пазат од таквите и нивните бучни застапници.

Не се преправајте дека ви е до климата ако планирате дете

„Сакате да се борите против климатските промени? Имајте помалку деца!“ порачува британски Гардијан во статија која пренесува која ставка колку ја спасува климата. Бадијала рециклирате, бадијала ставате свеетилки кои штедат, бадијала планирате да се префрлите на електричен автомобил. Ако паралелно со тоа направите и добиете уште едно дете, сè сте упропастиле. 

Човек се самоубил после долги муабети со четбот

„Да не беше Елиза, тој сè уште ќе беше со нас, убедена сум во тоа,“ веели сопругата на еден Белгиец кој се самоубил после неколку неделни конверзации со Елиза. Тој имал 30-тина години и две деца. Елиза е бот и е жива и здрава.

Форд ќе прави коли кои малтретираат

Американската компанија планира да произведува автомобили кои на газдата ќе му покажат - кој е газда. Ако не се плати некоја рата, софтверот на колата стартува серија сценарија кои стануваат сè понепријатни. Од гаснење на радиото и климата, па до непуштање на сопственикот да влезе во кола.

Мислев им помагам на транс-деца. Сега дигам узбуна!

Жена што дала отказ после 4-годишно работење во еден американски вентар за промена на полот вели дека тоа што таму се случува е ужасно и во морална и во медицинска смисла. Се создаваат цели орди на деца што неповратно си ги менуваат животите, без да им е сосема јасно што прават. А такви клиники и центри, од една, за брзо време станаа - преку сто.

Ќе се истребиме прво себе, или прво нив?

41% од нашите екосистеми се на раб на колапс, предупредува истражување спроведено во САД. Сè повеќе животни и растенија што го одржуваат здравиот животен баланс на Земјата се во ризик од истребување, а без нив, и ние нема долго да издржиме.

Климатскиот активизам мириса на култ

Една од најпознатите лица на англискиот климатски активизам, сведочи како во тие организации им се перат мозоците на членовите, наведувајќи ги на секакви глупости „за да ја спасат планетата Земја.“ Некои од младите се толку убедени дека нè чека апокалипса што се сигурни дека нема да доживеат ни 30 години. Кутри.

Кретенот да ти бил педофилка

Уште еден дебакл на „увиѓајноста“ на идентитетските политики. Сериски педофил упропастувал детски животи како маж. Но, во меѓувреме решил да транзитира па бил осуден како жена и однесен во женски затвор. Од сето тоа, на полицијата најважно и е некој да не го навреди па да го рече машко.

Научници создале „психопат“ со помош на интернет коментари

Истражувачи од МИТ сакале да покажат колку вештачката интелигенција зависи од податоците кои ги добива па на свој алгоритам му покажувале злобни коментари од интернет. Им се родил психопат кој иако нема видено ниедно убиство, во сè гледа ужас и хорор. 

Кога „госпожа“ ќе го вади пред деца

Судот во Мидлсбороу деновиве треба да реши што да се прави со Кло Томсон, 42 години, суштество кое сака да личи на жена но опремата му е машка а пустото сака да дига фустан и да го покажува тоа на јавни места. Кло до неодамна беше Ендрју и има двоцифрен број злодела, вклучително сексуален напад на малолетно лице.

Ништо веќе не е смешно

Професорка по антропологија се сликала со древен череп од американски домородец. Насмеана. Будните СС дивизи од Твитер тоа не го пропуштаат па веднаш прават ишју: како тоа се смееш кога си со череп? 

Кога полициски алгоритам ќе ти стави мета на грб

Американската полиција си играла Мајнорити репорт па му донела реални проблеми на реален човек. Нивниот компјутер посочил дека тој ќе биде вмешан во некој вооружен злостор па почнуваат да го следат секаде, што на маалските битанги им отвора сомнеж дека тој соработува со полицијата. Штета што Рашковски немаше време да ували и ваков софтвер.

А ќе речеш Австрија е

Клиниката Фрајдштад јавно се извини за „трагичната грешка“ затоа што на пациент му отсекла погрешна нога. Проблем е и што во пракса ова значи дека се уште има нога која треба да биде исечена.

Година на разумни одлуки

Знаеш дека си претерал со пиење на божиќна ноќ ако си почнал да пиеш како Томас а си се разбудил како Селин Дион.

Питерсон го вознемирил работниот колектив на издавачот

Вработените во канадската издавачка куќа на Питерсон се расплакувале поради најавата дека од нивната фирма ќе излезе нова книга на човекот кој ги вознемирува со своите ставови. А штом возрасни луѓе ќе се расплачат, со загриженост настапува „комитетот за диверзитет и инклузија“. Социјалистичкото самоуправување не беше до волку фејк.

Ивица и Марица се нефер кон вештерките

Минимакс своевремено го пушти вицот за Ивица и Марица, прилично илустративен за духот на социјализмот: „Ивица кажувал политички вицови а после дошла марица“. За духот на ова време сведочи тоа што детските ликови излезени од фантазијата на браќата Грим не се опасни стриктно политички, туку и малку пошироко. А и тоа што нема ни виц за тоа.

Зоолошкото портфолио на големата Америка

Во 1906-та година, гинат Даме Груев и Петар Поп Арсов. Во 1906-та година, Холандија воведува задолжителна возачка дозвола за управување моторно возило. Во истата таа 1906-та година, во зоолошката во Бронкс е изложено црно момче, заедно во кафез со орангутани.

Летнавте како сиви галаби

Човек од Самоа непотребно одлежал дополнителни 5 години затвор. Имал две затворски казни и требало да одлежи една од нив. Овој ги одлежал топтан. Никој не му кажал дека треба тоа поинаку. 

Жената на која нема кој да ѝ ги издепилира јајцата

Не се зезајте, ова во Канада се смета за „лендмарк“ судски случај. Лице кое се претставува како жена закажува депилирање на своите интимни делови кај женски козметичарки, ќе дојде кај нив и ќе им ја падне вилицата кога пред очи ќе им ја истопори својата природна опрема која е скроз (1+2) машка. Овие ќе ја напудат од дуќан а таа после им бара отштета.

Златен ориз ќе си имавме

Оризот бил модифициран да содржи витамин А во зрната и така да се спасуваат милиони деца и луѓе кои умираат или ослепуваат од дефицит на овој витамин. Но комбинација на врескава анти-ГМО идеологија и недоречена регулатива ја уби идејата.