Како што на Биндел ѝ објасниле полицајците кои ѝ дошле на врата по поднесена пријава против неа, „оштетениот“ е „трансџендер маж од Холандија.“
Не чуди што таа реши да го сподели ова искуство во статија со прилично разбирлив наслов “Мојот орвелијански случај во рацете на полицијата која си го арчи времето.”
Биндел опишува како полицијата не открива за какво кривично дело од омраза е осомничена, ниту како ќе функционира прашањето за правната јурисдикција, со оглед на тоа што жалбата пристигнала од друга земја.
Кој суд ќе се занимава со овој случај? прашува таа.
Ѝ било кажано дека може доброволно да оди во полициската станица за да даде изјава, на што таа рекла:
„Апсолутно не“. Имам јас и попоаметни работи да правам“. ММалку ги збунила полицајците на Скотланд Јард откако ги прашала дали и тие немаат попаметна работа.
Подоцна била разочарана откако ѝ било соопштена дека нема да продолжи истрагата против неа бидејќи судскиот процес ќе отворел шанси за пошироко запознавање на јавноста со ваков вид проблеми.
„Полицијата прави огромна штета когаа доаѓа по оние од нас кои не прават ништо друго освен што ја кажуваат вистината за родовото лудило и одбиваат да свиткаат кичма пред лудите култисти“, заклучува Биндел.