Карта за воз која чини колку пасош

Eurail е колективна железничка пропусница која овозможува повеќепатна патувања со воз во повеќе европски земји, наместо да се купува посебна карта за секоја рута. За да се извади, бараат број на пасош. Ама, ги хакнале базите па податоците од луѓето почнале да се продаваат на црниот веб. Што смислиле надлежните? Преку 300.000 засегнати луѓе да си извадат нов пасош. На свој трошок. 

Се работи за точно 308.777 лица чоо податоци се небезбедни и на кои им било советувано да ги откажат своите актуелни пасоши и да си платат за нови. 

Холандската компанија, која ги продава Еуреил (за луѓе кои не живеат во Европа) и Интерреил (за луѓе кои живеат во европска земја) картите, потврди дека примерок од украдениот куп податоци веќе се појавил на Телеграм.

„Можеме да потврдиме дека податоците копирани за време на безбедносниот инцидент се понудени на продажба на темната мрежа и примерок е објавен на Телеграм“, рече портпаролот. 

Целосниот пакет содржи материјал за кој сонуваат крадците на идентитет, вклучувајќи броеви на пасоши, датуми на истекување на пасоши, целосни имиња, домашни адреси, е-адреси, телефонски броеви и датуми на раѓање. За корисниците на програмата Дискавер ЕУ која им доделува бесплатни патни билети на млади луѓе, записите вклучуваат и фотокопии од пасоши, детали за банкарски сметки и некои здравствени податоци.

Упадот се случил на 26 декември 2025 година. Еуреил почнал да ги известува засегнатите лица дури три месеци подоцна. Во февруари, хакер јавно ја презеде одговорноста, велејќи дека украле приближно 1,3 терабајти податоци. Истиот хакер подоцна рече дека преговорите со Еуреил не успеале, па датотеките биле понудени на друго место.

Цел ваков систем е погрешен: властите решаваат за што сè треба верификација на идентитетот, приватните компании ја градат инфраструктурата за верификација (бидејќи владите ретко градат своја) а кога базите на податоци се пробиваат (базите на податоци секогаш се пробиваат), последиците паѓаат врз луѓето чии податоци се собрани, а не врз субјектите што инсистирале да ги соберат.

 

28 април 2026 - 11:39