Кретенот да ти бил педофилка

Уште еден дебакл на „увиѓајноста“ на идентитетските политики. Сериски педофил упропастувал детски животи како маж. Но, во меѓувреме решил да транзитира па бил осуден како жена и однесен во женски затвор. Од сето тоа, на полицијата најважно и е некој да не го навреди па да го рече машко.

Првата жртва имала само 7 години кога паднала во рацете на ѕверот. Упаднала во мрежата сосема наивно, во некој камп, на демек натпревар по хулахоп. Добила лимонада, само што не знаела дека во неа има и алкохол. Подоцна, во позадината на караванот ѝ било пуштано порно, а после и малку „си играле“. Хоророт траел цели четири години, сè додека не се преселиле од тоа место.

Таа не е единствената жртва. Од 1989-та до 1996-та, истиот предатор злоставил уште најмалку шест деца - четири девојчиња и две момчиња. 

Случајот предизвика општ гнев откако полицијата во Сасекс - веројатно најразбудената полициска единица во Англија - реши да твитне нешто „многу важно“: побара на социјалните медиуми обвинетиот да биде ословуван по избраниот род. 

Јавната згрозеност од ваквата коректност на полицијата во Сасекс ја цимна и секретарката за внатрешни работи, Суела Браверман, која на полицајците им порача „да престанат да си играат со идентитетски политики и да ја негираат биологијата.“

Доживотните трауми на овие седум деца ги има предизвикано маж, Џон Стефан Диксон, кој за 30 точки поврзани со сексуално насилство е осуден на 20 години затвор. Но, во меѓувреме решава да транзитира, па пред судот монструмот се појавува како Сели Ен Диксон, 58-годишна жена. Иако за време на судењето обвинителот му се обраќа како на маж, без никакви забелешки на одбраната, кога е прогласен за виновен - тој бил осуден како жена и пратен во женски затвор. 

Најново за него е што сепак морал да биде префрлен од првичната локација, затоа што започнал/а врска, веројатно манипулативна, со ранлива млада жена која имала и ментални проблеми. 

Компанијата која менаџира неколку затвори во земјата, се жали:

„Нашите вработени не се среќни од вакви ситуации. Транс-родовите затвореници неретко имаат зад себе повеќе сексуални злодела, и плус најчесто доаѓаат во пакет со машки гениталии. Немаме многу простор како да ги заштитиме женските затвореници.“

Иако транс-родовите чинат само 0,2 проценти од сите затвореници во Британија, нивните права се третираат како светост. Вработените мораат да им се обраќаат според избраниот род, смеат да се бањаат сами, да имаат засебни ќелии и слично. 

Од вкупно 163 транс затвореници во Англија и Велс, половината се осудени за сексуални дела. Од 163, 24 се држат во женски затвори. 

Жртвите и нивните семејства особено се згрозени од педантноста на полицијата како да се ословува човекот кој им ги има уништено животите, особено што тој им има правено одвратности, за кои една жена технички не е опремена. 

4 октомври 2022 - 15:29