Биле анализирани 65 различни марки и производи за заштита при сончање кои можат да се најдат на американскиот пазар.
Преку 40 посто од нив ниту биле водоотпорни како што ветуваат ниту пак ги задоволувале нормите поставени од Американската дерматолошка академија.
Анализираните мазалици биле со различна цена но експертите потсетуваат дека ниту најквалитетните меѓу нив не траат повеќе од 40 минути, иако нивните примамливи пакувања некогаш сугерираат дека со нив човекот е заштитен и до 4 часа.
Од 65-те анализирани заштитни средства, 90% се нуделе како производи со широк спектар на заштита и од UVA i UVB зраци а 62% тврделе дека течноста е водоотпорна. Па сепак, над 40 посто не ги задоволиле ни основните барања на дерматолозите.
Тие инаку препорачуваат да се користи минимум 30 фактор кој, ако е квалитетен производот, нуди 97 процентна заштита од штетни зраци.