„Родителството е прекрасна работа затоа што ти овозможува да уништиш некого од почеток."
„Имам целосна верба во континуираната апсурдност на што и да се случува."
„Разводот не се случува затоа што 50% од браковите завршуваат со хомосексуалност."
„Интернетот е свет на ливчиња што кружат низ училница."
„Нема да се цензурирам себеси за да го утешам твоето незнаење."
„Ги посетувам во Фокс Њуз од време на време, и фино е, затоа што Окото на Мордор е над зградата."
„Мејнстрим медиумите се наклонети кон сензационализам, конфликт и мрзливост."
„Ако не се држиш до твоите вредности кога тие се ставени на тест, тогаш тие не се вредности, тие се хоби."
„Либерално и конзервативно ги имаат загубено значењата во Америка. Јас го претставувам збунетиот центар."
„Религијата е многу повеќе избор отколку хомосексуалноста".
„Не ми е гајле за богаството. Она што изгледа вознемирувачко е институционализирањето на предностите кои тоа ти ги дава."
„Сите кои се занимавате со илегално пиратирање на филмови.. не го правете тоа. Погледнете ги луѓево. Тоа се оние од кои крадете. Видете што им правите! Сите тие жени кои не можат да си дозволат прекривка за да си ги покријат градите."
„Ако го зголемиме звукот на сè, нема ништо да чуеме."
„Ја отфрлам идејата дека има само две страни. Мислам дека со количеството идеи и мисли кое постои тешко е да се биде конзистентен и како поединец. Луѓето можат да имаат и либерални и конзервативни догматски ставови истовремено. Тие не ги живеат животите преку платформи. Тие ги живеат нивните животи. Целата работа е ужасно заморна конструкција."
„Седумте чуда кои најдобро ги претставуваат човечките достигнувања во текот на последните 2,000 години ќе бидат избрани преку интернет гласање... очекувајте Private Parts на Хауард Стерн да избие на прво место."
„Да, разумот е дел од организираната религија, откако двајца нудисти послушаа прехранбен совет на змија што зборува."
„Вонегат ми го направи животот поднослив кога бев адолесцент."
„Јас сум мал, неуротичен човек, кој стои во позадината на собата и фрла патлиџани на табла. И тоа е тоа."
„Секогаш знаев дека не треба да го кажам тоа."
„Треба да запомните нешто во врска со човечката волја: не беше толку одамна кога бевме обземени од Макарена."
„Добро момци, сакам да излезете и да гласате утре. Не затоа што е кул, туку затоа што не е. Знаете што е кул? Пушењето. Пушете додека гласате."