Таг: Џон Стјуарт

Данокот на тоа секој ден да коментираш срања

"Она си што го јадеш", вели една стара мудрост во врска со исхраната. Истото важи и за медиумската храна. Ако успееш таа да не те отруе, тогаш еден ден сигурно ќе ти збоктиса, посебно ако професионално ја џвакаш "во име на јавноста".

30 милиони долари за вестите што сите ги гледаат

Човекот почна со правење сатирични вести, за со тек на време да прерасне во главниот искрен извор на вести. Моментално е најплатениот водител на ноќните шоуа, со плата меѓу 25 и 30 милиони долари годишно. Џон Стујарт.

Како да го оставиш Џон Стујарт без зборови

Малала Јусафзаи е пакистанската ученичка која минатата година (на 14-годишна возраст) беше застрелана во глава од Талибанците, заради тоа што се бореше за правото девојчињата да можат да учат во основно образование. Деновиве стигна да гостува кај Џон Стујарт, еве што имаше да му каже.

Грант најмалку посакуван гостин на Џон Стујарт

Ако има еден гостин што Џон Стујарт нема намера повторно да го види во своето шоу, тоа е - Хју Грант. Истото генерално важи и за Комеди Централ.

Џон Стјуарт, цитати

Нека му е среќен роденден (деновиве наполни 50) и уште долго да исправа криви Дрини човекот кој порача: „Нема да се цензурирам себеси за да го утешам твоето незнаење", „Ако не се држиш до твоите вредности кога тие се ставени на тест, тогаш тие не се вредности, тие се хоби" или „Ако го зголемиме звукот на сè, нема ништо да чуеме."